Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на новинарско прашање дали ќе се намалат функционерските плати откако тие минатата година по одлука на Уставниот суд се зголемија за 78% одговорила дека решението не е во намалувањето, оти, како што рекла „додека министрите работат многу и напорно, други се одмараат на викенди и празници“, притоа додавајќи дека доколку се планира платите да се намалат, таа ќе замине од позицијата.
– Јас приватно работев и повеќе заработував,115 000 денари е плата на министер. Не мора да бидам тука, нека дојде друг да се справува тука, додека се тие по одмори јас и сабота и недела бев на работа, рекла министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешниот брифинг со новинарите, пренесува ТВ Телма.
Дополнително, Димитриеска-Кочоска им посочила на новинарите да прашаат по институциите со дополнително управни одбори колку земаат и колку фамилијарно се земаат примања, кој како е врзан и што се се прави.
„Дајте ми една причина, министри со вакви нервози и стресови-зошто треба да останам. А најмногу се критикувани од новинарите и не се лутам за тоа. Проблем се директорите“, кажала Димитриеска-Кочоска.