Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, стана најстариот полуфиналист во историјата на олимпискиот тениски турнир. 37-годишниот Ѓоковиќ го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (3) и покрај проблемот што го имаше во вториот сет, кога ја обнови повредата на коленото.
Novak Djokovic becomes the oldest player in history to reach the Olympics Semifinals in singles.
37 years old looks GOOD.
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 1, 2024
Ѓоковиќ сега го чека Италијанецот Лоренцо Музети, кој за пласман во полуфиналето со 7:5, 7:5 го совлада олимпискиот шампион од Токио, Александар Зверев.
Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Музети е закажан за денеска, сабота 2. август во 19 часот на стадионот „Филип Шатриер“ во Париз.
Во второто полуфинале ривали ќе бидат Карлос Алкараз и Феликс Огер-Алиасиме.