Во големото финале, Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација ја совлада Австрија (98:88), за заверување на осум игри-осум победи, и прво место на шампионатот за играчи до 18 години.
На патот до финалето, покрај Португалија и Бугарија во нокаут-фазата, Македонија славеше и над Ирска, Босна и Херцеговина, Чешка, Кипар и Украина во групната фаза.
Јаничиќ е стрелец на 30.поени, дополнети со пет скока и четири асистенции. Стојковиќ имаше одлично второ полувреме во кое запре на 15.поени, четири скока и три асистенции. Младеновски го заврши финалето со 14.поени, три асистенции и два скока, Марјановиќ имаше 12.поени, четири успешни додавања и три скока, а Луканоски беше на чекор до нов двоен ефект – 10.поени и седум скока во овој последне меч на ЕП во Скопје.
Македонските јуниори со пласманот во финалето и пред победата над Австрија, обезбедија место во А-дивизијата.





