Украинските атлетичарки Јарослава Махучих и Ирина Герашченко освоија злато и бронза во скок во височина на Олимписките игри во Париз.
22-годишната Махучих, моментално светски рекордер во женска конкуренција во скок во височина, ја победи конкуренцијата со скок од 2,00 метри.
Австралијката Никола Олислагерс го освои сребрениот медал иако ја совлада истата височина, но имаше повеќе обиди. Герашченко го подели бронзениот подиум со Австралијката Елинор Патерсон, откако и двете прескокнаа 1,95 метри.
Махучих влезе во натпреварувањето како главен фаворит за победа на Олимписките игри во Париз. Минатиот месец таа го подобри светскиот рекорд во женска скок во височина со скок од 2,10 метри, надминувајќи го рекордот од бугарката Стефка Костадинова 2,09 метри што стоеше од 1987 година.
Украина досега има освоено пет медали на Олимписките игри во Париз. Стрелецот Серхи Кулиш освои сребрен медал во дисциплината 50 метри со пушка. Мечуварката Олга Карлан освои бронза поединачно, а женскиот мечувачки тим на Украина го освои златниот медал.
Ј. Ѓ.