Двократниот олимписки шампион во скок со стап Арманд Дуплантис ја рекреираше виралната фотографија на турскиот стрелец Јусуф Дикеч.
Откако Швеѓанецот синоќа постави нов светски рекорд, со левата рака во џеб застана во позиција од која Дикеч стрелаше на олимпискиот турнир.
Дваесет и четиригодишниот Дуплантис освои златен медал на Игрите во Париз, станувајќи двократен олимписки шампион.
Турскиот стрелец со пиштол Јусуф Дикеч стана вирален на социјалните мрежи поради неговиот навидум лежерен однос додека пукаше до сребрениот медал на Олимпијадата во 2024 година.
Најсподелуваните слики го прикажуваат Дикеч како пука во маица со едната рака во џебот, со обични очила и невозбудлив изглед на лицето.
Ј. Ѓ.
Поврзано:
(ВИДЕО) Кој е Јусуф Дикец, турскиот стрелец со пиштол кој стана „вирален“ на Олимпијадата во Париз?