ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општина Аеродром собра над 100 кубни метри кабаст отпад, акцијата продолжува до крајот на септември

August 6, 2024 14:10
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Општина Аеродром

Фото: Општина Аеродром

Над 100 кубни метри или околу девет тона кабаст отпад се собрани досега во бесплатната акција што Општина Аеродром ја започна минатиот месец, а ќе трае и во текот на август и септември, при што ќе се реализира на 40 пунктови на ниво на целата територија.

Како што соопштија од Општина Аеродром, акцијата што се спроведува во соработка со ЈП за комунални дејности на општината, досега се реализира во населбите Мичурин, Острово и 13 Ноември.

Денеска и утре садовите за собирање кабаст отпад се поставени на големиот паркинг кај пензионерскиот дом „Аеродром“ и на ул „Коста Новаковиќ“ број 42, кај контејнерите.

На 8. и 9. август, кабаст отпад ќе се собира на големиот паркинг кај градинката „Калинка“ и на улица „Милан Зечар“ кај воените кули, додека од 10. до 12. август (сабота, недела и понеделник) ќе бидат опфатени зградите на улицата „1615“ во близина на кулите Џевахир и кај „Меѓаши зад пунктот на ЈП
„Паркови и зеленило“.

– Паралелно со акцијата за собирање кабаст отпад, ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром неодамна спроведе и реорганизација на начинот на чистење, при што темелно се метат и мијат јавните површини, се косат тревниците и се кастрат гранките од дрвјата. Општина Аеродром повикува на совесно однесување, а доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа, ќе се применуваат најстроги казни. Со несовесното третирање на животната средина се создаваат лоши слики за општината и се нарушува квалитетот на животот на аеродромци, се наведува во соопштението од Општина Аеродром. 

Next Post

Четворица мртви во израелски воздушен напад врз јужен Либан

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk