ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Држава сме, контролираме!

August 7, 2024 15:24
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ

Пишува: ДЕХРАН МУРАТОВ

Додека граѓан(к)ите очекуваат подобар животен стандард, повисоки плати и пензии, позитивни политики за задржување на младите да не се отселат од државата, борба со корупцијата, неселективна правда, мирно и безбедно место за живеење каде што нема речиси секој ден да слушаме за некое убиство кое нема разрешница… од новата Влада предводена од премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и министерот за внтарешни работи, Панче Тошковски слушаме за некакво сценарио на ДУИ за дестабилизирање на државата оваа есен.

Како за потсетување, Мицкоски на 28 јануари 2023 година на неговиот Фејсбук профил објави фотографија од војната во 2001 облечен во воена униформа и со калашников в раце кој упатил порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети: „Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски“, како одговор на Ахмети кој рече дека „Мицкоски конфликтот во 2001 го гледал само на телевизија“.

„Не му се допаѓам на Мицкоски зато што не отидов во Хаг бидејќи борбата ми беше праведна, па нека не ми одговара со калаш. Тој ја гледал војната само на телевизија, додека јас сум потпишал меѓународни договори. Зошто инвестираме во стабилност? Придонесовме за решавање на спорот со името, преговораме со ЕУ со единствена цел на овој регион да му ја загарантираме мирот и стабилноста“, истакна Ахмети.

Денес, премиерот Мицкоски и министерот за внатрешни Тошковски се однесуваат како да се опозиција, а не власт. Доколку навистина има сериозни докази за можна дестабилизација на државата треба веднаш да се свика Советот за безбедност, а не да биде тема за пред кооперација со пиво, кикирики и салама.

Претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова не планира да го свика Советот за безбедност, бидејќи можеби не поверува во „басните“ за дестабилизирање на државата од ДУИ, или можеби Владата, МВР и АНБ не ги споделиле со претседателката сензитивните податоци за безбедноста на државата? Нели таа е врховен командант според Уставот.

Откако нè информираа Мицкоски и Тошковски дека ДУИ ќе има обид за дестабилизирање на државата оваа есен, веднаш нè смирија дека не треба да бидеме загрижени за безбедносната состојба во Македонија, или што би рекол еден нивен сопартиец – „Држава сме, контролираме“!

П.С. Јас пак мислев дека до есен ќе се пофалат со нови фабрики, поевтин бурек, леб, поевтина струја (која нема минимално да поскапи), бесплатно здравство за сите и да не мора со донации да се лечат граѓаните, ќе ја зголемат цената на студентскиот оброк и ќе воведат оброк и за основците и средношколците, ќе ги средат студентските домови… 

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Началници и полициски службеници не санкционирале возач кој возел со 272 км. на час, поведена постапка

НАЈНОВО

Борче Стаменов

Борче Стаменов од „Донирај компјутери“ и Ирфан Ахмети добитници на државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година

August 18, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Триесет и трети роденден на Армијата – 33 години напредок, 33 години безбедност на татковината и сигурност на граѓаните

August 18, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Мицкоски: Нашата Армија е гаранција дека овој народ ќе има поле да се развива, да создава и да ја гради својата иднина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk