ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Флипбук Филм Фестивал 2024“ од осми до 11 август во Кинотеката

August 7, 2024 10:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Петтото издание на Флипбук Филм Фестивал ќе се одржи од 8ми до 11ти август годинава во Кинотеката на Македонија и ќе прикаже близу 100 филмови во главната, студентската, селекцијата на анимиран докуметарец, на анимирани музички видеа и европската панорама, информираат од Флипбук Филм Фестивал.

Во главната селекција ќе бидат прикажани наградуваните филмови од светските филмски фестивали од изминатата година, меѓу останатите и филмот „27“ на унгарката Флора Ана Буда, победник на минатогодишниот Кански филмски фестивал, Санденс, Анеси,  Клермон Феран и Европските филмски награди, понатаму рускиот „Хармс“ инспириран од творештвото на познатиот писател, хрватските „Фустан за финале“ и „Жарко, ќе го расипеш детето“ и филмови од португалска, германска, британска, данска продукција.

Во студентската селекција ќе бидат прикажани филмови од најдобрите европски школи за анимиран филм, британскиот “Bunnyhood”, селектиран на годинешниот Кански фестивал, „Уште еден ден во Лисабон“, во кој како еден од режисерите се јавува македонскиот автор Диме Ѓорѓиевски, наградуваниот полски филм „Последниот човек на земјата“.

Во категоријата анимиран-документарен филм ќе бидат прикажани седум наслови, меѓу кои и годинашниот победник на Анимафест Загреб и Анеси „Percebes“ на португалските авторки Александра Рамирез и Лаура Гончалвес, германскиот „Чекање“, прикажан на Берлинале итн.

Во селекцијата на анимирани музички спотови ќе бидат прикажани вкупно петнаесет наслови, меѓу другите и „Онти“ на наградуваниот српски автор Милош Томиќ.

Во рамките на фестивалот ќе бидат реализирани и неколку работилници за производство на анимиран филм и флип-бук, а ќе бидат промовирани и книгите „Predavanja o filmskom modernizmu“ на историчарот на филм и професор на загрепскиот универзитет Никица Гилиќ, кој ќе биде дел од жирито, книгата „Michael Dudok de Wit: A life in Animation“, издание на CRC Focus од авторката Андријана Ружиќ, теоретичарка и историчарка на анимиран филм, дел од овогодинешното жири, двојазичниот роман „Евацид“, придружен со изложба, на нашиот писател и визуелен уметник Никола Радуловиќ, минатогодишниот добитник на наградата за најдобар анимиран спот и овогодишен член на жири, и книгата со карикатури на доајенот на македонската карикатура и анимација Тоде Ристо Блажевски, исто така придружена со изложба.

Во жирито годинава членови ќе бидат и селекторката и кураторка на ВР програмата на фестивалот Анеси во Франција, Гала Фрекон, филмскиот критичар Влатко Галевски и режисерката Ана Опачиќ. Годинешното издание на Флипбук Филм Фестивал е поддржано од организацијата Еко Свест која ќе додели награда за најдобар филм со еколошка тема, Кинотеката и Агенцијата за филм на Македонија.

Tags: КинотекаФлипбук Филм Фестивал
Next Post

СДСМ бара смена на Гаши, ВЛЕН велат тоа е анти НАТО експеримент, ВМРО-ДПМНЕ без јасен став

НАЈНОВО

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар, во близина на село Ореовец

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk