Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На фотографијата што пристигна во прилог на соопштението од МЗШВ, се гледат како министерот Трипуновски и неговиот заменик министер Беџети, седат на иста маса и разговараат.
Како што се истакнува во соопштението, тема на денешната средба беа тековните работи во министерството.
„Преку разговор и добра координација министерството функционира за доброто на земјоделците и граѓаните“, истакна Трипуновски.