Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Сигурен сум дека Церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз беше пренесувана како интергалактички спектакл низ кој остатокот од вселената се увери дека Земјата и човекот на оваа мала планета, не само што се се уште живи туку се и естетски, уметнички технички и технолошки и конечно, човечки, единствен феномен.
Фасцинантно!.
На некој начин и надежно вознесување на моќта на човекот да ги совлада предизвиците што го чекаат.
Како тоа што сме и тоа што треба да бидеме наспроти путинистичко-трампистичките и наци-фашистичките визии на светот.
И затоа имаме право да се надеваме дека пораката за мир ќе стигне до сите што мислат дека војната е решение,
Не е и не може да биде решение на ништо.
Жорж Батај рекол дека “единствената цел во животот е екстаза, восхит, блаженство.”
Секоја естетска позиција е чин на радикализам.
Сношти сведочевме на таква радикалност на убавото.
На уметничкото.
А Сер Кристофер Рен рекол дека “различноста на едноличноста ја дава потполната Убавина.”
Тоа беше покажано сношти.
На велелепен начин.
Браво за Франција, за МОК, за Организавиониот комитет, за Париз, за волонтерите, за службите за безбедност, за уметниците, за режисерот и за авторот на идејата и конвецтот на овој неповторлив спектакл.
За спортистите капа долу.
Сведочевме на волшебни постигнувања.
Довидување во Лос Анѓелес.