ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Драмски театар Скопје гостува на фестивалот „РУТА“ на Бриони

August 15, 2024 10:40
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ во режија на Димче Николовски утре ќе гостува на Бриони во Хрватска, во рамки на летното издание на фестивалот на Регионалната унија на театри „РУТА“. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на театарот „Ulysses“.

Како што информира Драмски театар Скопје, текстот „Диши“ (Бели дробови) на Данкан Макмилан е напишан во 2011 година. Драматург на претставата е Александра Бошковска, а преводот е на Благоја Бошковски. Сценографијата е на Илија Николовски, а костимограф е Раде
Василев.  Улогите во претставата ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

– „Диши“ е современа, длабоко интимна, истовремено универзална и еколошка – глобална драма. „Lungs“ (Бели дробови), низ повеќе животни циклуси на љубовната врска, на духовит и прониклив начин, го следи релативно младиот пар М и Ж (M&W) додека контемплира на различни прашања за смислата и бесмисленоста, за надежта и предавствата, за промените и за смртта, за создавањето на нов живот и за крајот на светот, се вели во соопштението.

Актерите Јасмина Василева и Димитрија Доксевски за „Диши“ истакнуваат дека претставата навигира низ сите погоре поставени прашања, толкувајќи ги токму во „еден здив“ преку експериментирање со минималистички актерски израз зададен од самиот автор. Оваа драма е напишана за да се изведе на празна сцена.

– Нема сценографија, нема мебел, нема реквизити и нема беспредметно дејствие. Нема промена на костими. Не би требало да се користи светло и звук за да се укаже на промена на времето или просторот, нагласуваат актерите.

Со претставата „Диши“, Драмски театар Скопје гостувал во Сараево во рамки на фестивалот РУТА и во Приштина на Интернационален театарски фестивал.

Драмски театар Скопје информира дека подготовките за есенското издание на РУТА, што ќе се одржува од 15 до 20 октомври во Скопје, се во тек, а за љубителите на театарот најавува уште едно одлично издание на фестивалот.

Tags: Драмски театарРУТА
Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Њујорк Тајмс: Израел постигна сè што можеше воено против Хамас во Газа

НАЈНОВО

Ристески: ВМРО-ДПМНЕ и Општина Аеродром бегаат од одговор за долговите на училиштата и градинките

August 11, 2025

Макрон: Израелскиот план за преземање контрола врз градот Газа е подготовка на катастрофа

August 11, 2025

Астронаутите сведочат: Животот во Вселената засега е речиси невозможен

August 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажните ветувања на лажните патриоти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за изјавата од Меџити дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk