ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„До каде е пречистителната станица за отпадни води“ протестна уметничко-скулптурална акција поставена во Вардар

August 16, 2024 12:25
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„До каде е пречистителната станица за отпадни води“ е протестна уметничко-скулптурална акција која денеска е поставена во реката Вардар. Акцијата е на активистот Никола Писарев од Центар за современи уметности и претставува повик кон властите за конечно почнување со изградба на пречистителна станица во Вардар.

-Пречистителна станица е ургентна потреба. Вардар гледаме дека е син, меѓутоа тој е петта категорија загаден. Практично, се почесто станува мртва река заради загадувањето, кое дел е од индустриски капацитети, меѓутоа дел е и од фекалната канализација, изјави Писарев.

Тој потсети дека уште во 2010 година се зборува дека ќе се започне со изградба на пречистителната станица, но тоа уште не се случило.

-Во меѓувреме, реката се повеќе изумира. Живиот свет се повеќе страда, а граѓаните на Скопје не можат да ја користат. Многу често има и смрдеа, многу често се видливи фекалиите, особено последните неколку дена кај градската канализација под Лисиче. Смредата е неподнослива, бојата на реката е неподнослива и затоа ја направивме оваа скулптурна инсталација за да потсетиме и да го кренеме гласот да конечно почне изградбата на пречистителната станица, затоа што се соочуваме со климатски промени, се соочуваме со недостиг на вода за пиење. Имаме убава река, имаме симбол на градот кој што буквално е неупотреблив, додаде Писарев.

Како што посочи, ако пред 30 години имало 50 риболовци кои пловеле, денес нема ниту еден.

-Сметаме дека пречистителната станица е една од ургентните работи не само во Скопје, туку и во Тетово, Гостивар, Велес и другите градови за да имаме чиста река и да имаме чист резерворар на вода. Иако многупати беше ветувано дека пречистителната станица за Скопје би можела да биде готова во периодот помеѓу 2026-2028- ма па и порано, сведоци сме дека тоа нема шанса да се случи поради негрижата на градот за сопствената река.  Токму негрижата за нашата најголема и најзначајна река која се повеќе станува мртва река е директна инспирација за оваа акција, посочи Писарев.

Tags: ВардаринсталацијаПисаревпрочистителна станица Скопје
Next Post
ФОТО: СДСМ

Филипче: Приказната за дестабилизацијата е веројатно договорена стратегија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

НАЈНОВО

Калас: Со 19-от пакет санкции ја лишуваме Русија од можности за финансирање на војната во Украина

October 23, 2025

Фактор на кој (не) се смета: Излезноста на Албанците на локалните избори

October 23, 2025
Фото: МИА

Задржување на „Табановце“ до 40 минути, на „Блаце“ до 30 минути

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk