На 30, 31 август и 1 септември на повеќе локации низ Скопје, ќе се одржи Младински филмски фестивал (МФФ).
Како што објавија организаторите, МФФ е единствен домашен фестивал посветен искучително за млади филмски автори.
„Дилемата дали филмовите ја рефлектираат реалноста е стара колку и самиот филм, а затоа годинешното издание го посветуваме (со доза иронија) на сѐ она за кое можеме да кажеме дека е реално и треба! По безброј бирократски препреки на кои веќе сме навикнати (но не и имуни), со задоволство го објавуваме визуелното решение за новото издание на Младински Филмски Фестивал 4 со слоганот „Реално е!“. Нашата кокошка е за првпат фотографирана и тоа баш онаква каква што навистина е: реална, со сите недостатоци и маани. Реално е дека ќе гледаме прекрасни филмови од 20 млади автори од Балканот и пошироко, кои ќе ни го отворат прозорецот кон нивниот светоглед и барем за момент ќе ни покажат детали од сѐ она што ја сочинува реалноста“, се нагласува во објавата.