ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Корпоративна општествена одговорност: Изворна засегнатост со клучните прашања или само уште една маркетиншка алатка

August 16, 2024 14:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Големите компании се борат за освојување на пазарот со тоа што ќе ги освојат срцата на своите потрошувачи. Веќе со децении, успехот на компаниите често се мери и со успехот на нивната корпоративна општествена одговорност. Од тие побуди, колегиумот на ЦивилМедиа почна со едукативни текстови на тема општествена одговорност, што подразбира и корпоративна општествена одговорност.

Македонскиот пример не може да се каже дека е соодветен. Се работи за мала и сиромашна земја со неразвиена економија и доминација на транзициските олигарси во сите аспекти на општествениот, политичкиот и економскиот живот. Дали тоа значи дека нема простор и дека не постои корпоративна општествена одговорност? Не, не значи. Напротив, токму во земји како Северна Македонија, има потреба и има простор за негување на корпоративната општествена одговорност. Особено таму каде што институциите на државата и локалната самоуправа бележат системски слабости и катастрофални политики и практики. Само еден пример за тоа е кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“ на „Макпетрол“ (креаторите на кампањата заслужуваат повеќе од искрени честитки).

Државата треба да се засрами, а богами и јавниот сервис, медиумите и организациите на граѓанското општество што сите овие години не посветија време, пари и ресурси да ја поведат борбата против врсничкото насилство. И не само тоа. Клучни прашања и процеси се занемарени, почнати и заборавени или воопшто не најдоа простор во јавниот и политичкиот дискурс. Корпоративната општествена одговорност треба да биде дел од политиките, а не водечки, а уште помалку единствен ресурс.

Се разбира, остануваат неодговорени прашањата каква и колку навистина општествено одговорна компанија е „Макпетрол“ и другите големи бизниси во земјата, како и каде ги прават своите милионски профити, а особено какво сè влијание имаат во политиката, медиумите и општеството. И – тие прашања ретко и тешко се отвораат. А кога ќе се отворат, следат тужби за новинарските тимови што се обидуваат да ги разоткријат и разобличат строго чуваните тајни на компаниите.

Најмалку што може да се каже за големите светски компании е дека се изворно хумани и општествено одговорни. Тие не се наивни, ниту особено трогнати од прашањата поврзани со социјалната нееднаквост, животната средина и климатските промени, или од природните, хуманитарните и воените катастрофи. Своите филантропски акции и други облици на практикување на корпоративната општествена одговорност најчесто ги третираат, ни помалку ни повеќе, туку како уште една маркетиншка алатка.

Голема е темата. И каде на друго место може да се очекува отворање на оваа голема тема, ако не во медиумскиот простор на ЦИВИЛ, организација што ја создадоа и ја градат македонските граѓанки и граѓани веќе 25 години. Колегиумот почна со едукативни текстови, но нема да застанеме тука. Очекуваме прилози и информации за тоа колку се навистина општествено одговорни компаниите, а колку тоа им служи како параван или маркетиншка алатка. Потребно е да се отворат очите и да се проговори за важните теми во општеството. Макар и тивко (на почетокот). И шепотот може да се претвори во грмотевица.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од ЦИВИЛ МЕДИА
Next Post

Генерал-мајор Сашко Лафчиски нов началник на Генералштабот на Армијата

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk