ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога непретставителноста станува услов за сервилност

August 18, 2024 17:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Со „Случајот Рамадани” владеењето на правото за целата Влада во пар месеци се сведе на удел во партизирањето на извршувањето на санкциите и на (право)судството.

Преку врската на ВЛЕН со Курти и сестринската соработка на ВМРО-ДПМНЕ со Вучиќ и Орбан, вклучително проектираното кредитно заложништво на земјата, позицијата на Скопје со оваа Влада во два месеци се сведе на подизведувач на “оската 3Б”: Будимпешта – Бањалука – Белград.

Или конкретно: Северна Македонија во два месеци е понудена како компензација при решавањето на односите меѓу Белград и Приштина – од својата влада.

Оваа дестабилизација на позицијата на земјата а-ла ВМРО-ДПМНЕ/ВЛЕН ја вброи РСМ во редот на “монети за поткусурување” за appeasement кон Вучиќ/Додик.

Таа улога во различни периоди им беше наменувана де на БиХ де на Црна Гора:

– обезличувајќи го претставништвото во ФБиХ, се додека не се сфати дека Додик и Вучиќ не ја напуштаат проекцијата на “српски свет” како балкански продолжеток на рускиот и

– подривајќи ја црногорската нација низ толеранција кон етнофилитизмот на СПЦ, се додека не се сфати дека таа останува балкански инструмент на РПЦ.

Во сржта на оваа операција не е помирување на народите преку евро-интеграциите, туку:

– напуштање на принципот “нема решавање на етнички прашања со промена на границите” за

– подривање на европската и американската безбедносна архитектура во регионот.

Со сите опасности по нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ по сите набројани нивоа.

Во такви услови беше прашање на време кога Меџити, Таравари, Касами и Гаши ќе ги напуштат позициите од 2022 за поддршка за Дополнителниот протокол, дополнување на Преамбулата за граѓанска еднаквост низ етничка рамноправност и за напредок на Северна Македонија во ЕУ интеграциите.

Има ли подобар начин да се саботира преговарачката рамка со ЕУ што се води од интересите на македонскиот народ и нацијата, одошто ВМРО-ДПМНЕ низ “репреговарање” да го одложи процесот и да овозможи низ него Северна Македонија да добие нови услови и од Софија и од Атина и од… Брисел?

Затоа улогата на VLEN во 2024 е да биде ништо повеќе од албанофонско покритие на југо-македонистичкото национално единство кое чека дали да се определи за европскиот пат само доколку тоа му го дозволи Србија. Или попрецизно Вучиќ.

Со непретставеноста на Македонците низ обидот членството на ВМРО-ДПМНЕ да биде замена за македонска етничка припадност и со непретставеноста на Албанците низ учество во владата на “подобни Албанци” – создадени се условите за оваа нова политичка динамика што ни се одвива пред очи.

Срочено на кусо: Се моли ВЛЕН да не прави вмровски работи.


Текстот е личен став. Преземено до Фејсбук профилот на Авторот

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(ВИДЕО) Прв сениорски пласман во историјата на македонскиот маунтинбајк на Европско првенство

НАЈНОВО

Новиот Кривичен законик во Албанија ја загрозува слободата на изразување, алармираат од ЕУ и албански експерти

August 2, 2025

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk