ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Муцунски: Одложеното дејство на уставните измени е рационален пристап и е во заеднички интерес како за нас, така и за Бугарија и за ЕУ

August 19, 2024 22:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Одложеното дејство на уставните измени е еден од клучните фактори за нас. Сметаме дека тоа е рационален пристап, којшто на нас ќе ни даде чувство на сигурност дека нема повторно да имаме билатерализација од страна на Бугарија, но исто така треба да зборуваме и за реципроцитет, не од уставно правна гледна точка, туку за реципроцитет во однос на почитувањето на малцинските права кај нашиот сосед, изјави вечерва шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

-Со максимална почит кон претставниците на техничката влчада на нашиот сосед Бугарија, но факт е дека тие во моментот на нивното функционирање не можат да преземат сериозна политичка одговорност, бидејќи немаат легитимитет од грѓаните, туку обврска технички да ја помогнат владата да се спроведат избори по коишто посакуваме кај нашиот сосед да има политичка влада. По формирањето на таква политичка влада ние ќе водиме проактивен дијалог, рече Муцунски во гостувањето на ТВ Сител.

Потсети дека во претходниот период овие идеи ги промовираат и во комуникација со сите клучни партнери на државава, како статешките партнери, така и со партнерите од земјите-членки од ЕУ.

-Зборуваме за изнаоѓање соодветно решение, решение што ќе биде одржливо и решение што ќе даде предвидливост, како на нашиот евроинтеграциски пат, така и во заштитата на кредибилитетот на ЕУ. Бидејќи повторно одложување на процесот на пристапување на земјава кон ЕУ заради некој билатерален спор, заради дополнителна билатерализација од страна на било кој сосед, ќе удри по легитимитетот на Унијата како во нашата држава, така и во регионот, нагласи Муцунски, додавајќи дека е потребно да се најде заеднички рационално решение, кое, како што кажа, за нас ќе има вградени гаранции дека нема повторно да се соочуваме со вакви предизвици и заеднички да чекориме напред врз основа на принципите на мерит.

Потсети дека кон Бугарија има 14 пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за права на здружување во форма на здруженија на граѓани на територија на земја којашто е земја-членка на ЕУ и којашто е обврзана со меѓународен договор кои произлегуваат од Советот на Европа.

-И од таа гледна точка ние ќе имаме институционална комуникација како на билатерална основа со Бугарија, со земјите-членки, така и со институциите во ЕУ, убедувајќи ги дека овој модел на одложена примена и она очекување дека нашиот сосед Бугарија ќе ги почитува фундаменталните вредности на ЕУ е во заеднички интерес и на нас како земја којашто пристапува, и на ЕУ којашто сака да има кредибилен процес на проширување, вели Муцунски.

На прашањето какви се неговите впечатоци во ЕУ и надвор од ЕУ дека е можно да се променат условите кои во моментов се вградени во Преговарачката рамка, вели дека заедно со нашата дипломатска мрежа, треба да работиме на убедување на нашите партнери дека ова решение е добро за нас, за Бугарија и за Европската Унија.

-Мојот прв впечаток е дека сериозни чинители во ЕУ гледаат на нашиот пристап како на еден логичен пи проактивен пристап. Наша обврска е да бидеме цврсти на нашите позоции, да презентираме рационални решенија, да не бидеме како нашите претходници при секој притисок да попуштаме, туку да зборуваме на еднаква основа, почитувајќи ги туѓите аргументи, но стоејќи цврсто врз нашите аргументи кога веруваме дека се праведни и правични, истакна шефот на дипломатијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Муцунскиуставни измени
Next Post

Нови детали за пукањето во Ченто

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk