ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Патување пеш“ во режија на Тамара Котевска премиерно пред македонската публика

August 22, 2024 08:52
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ („The Walk“) вечер премиерно ќе биде прикажан пред македонската публика во рамки на затворањето на 15-то издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во Куршумли Ан.

Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом.

Ова е филм за детската невиност и моќта на имагинацијата во време на криза, разоткривајќи ја одисејата на Амал, преку два континента,
симболот на бегалците низ цел свет. Филмот се снимаше две години, на територија на повеќе од 10 земји.

Режисерката на филмот Тамара Котевска изрази надеж дека овој филм ќе направи промени.

– Јас лично бев интимно мотивирана да го направам овој филм баш поради тоа што потекнувам од земја каде што бегалците се невидливи и тоа сите ние го знаеме и сведочиме. Тоа што го видов од овој проект е дека ние не смееме да останеме слепи на овој проблем и многу ми е мило што денеска овој филм е гласот кој се надевам дека ќе ja разбуди македонската публика да сфати дека бегалците не се невидливи и тие постојат секаде околу нас во нашава земја. Се надевам дека овој филм ќе допре до сите и дека ќе направи промена, вели режисерката Котевска.

Филмот имаше европска премиера во конкуренција на најголемиот фестивал за човекови права, во срцето на Женева, Швајцарија – FIFDH, каде имаше две проекции, а светската премиера беше во Њујорк.

Ова е втор долгометражен документарен филм на нашата млада режисерка Котевска и следи по големиот успех на „Медена земја“ за кој доби три големи награди на филмскиот фестивал Санденс во САД во 2019 год, а имаше и две номинации за Оскар следната 2020 година.

– „Патување пеш“ ја следи приказната на Амал, џиновска кукла од 3,5 метри. Таа претставува мало девојче бегалец, кое преку сириската граница патува низ Турција, а потоа и низ Европа во обид да најде дом. Прекрасен македонски филм за детската невиност, моќта на
имагинацијата и потребата да се заштитат и вклучат бегалците ширум светот. УНХЦР е горд што соработува со режисерката на филмот Тамара Котевска и со композиторот и уметникот Дуке Бојаџиев, чија музика ја збогатува емоционалната длабочина и моќната порака на
филмот. Ве поканувам сите да го погледнете филмот и да се солидаризирате со бегалците, истакна Габриел Гуалано де Годој, претставник на УНХЦР во Северна Македонија.

Главен продуцент на филмот „Патување пеш“ е една од најголемите наградувани британски филмски компании со фокус кон документарните филмови, Греин Медиа (GRAIN MEDIA), македонски ко-продуцент е ОХО Продукција, a филмот е поддржан и од македонската Агенција за филм.

Во филмот учествуваат и актерите Фидаа Зидан од Палестина и Муајад Моин од Сирија, кои како што велат од ОХО Продукција, ја делат истата судбина како огромен број бегалци кои изгубиле сè, вклучувајќи ги своите домови и семејства, но продолжуваат да бараат засолниште.

– Во моментов во светот има над 35 милиони бегалци, од кои 14 милиони се деца, а повеќето од нив сирачиња, во чија чест, џиновската кукла Амал активно се движи низ светот со својот патувачки театар, вели продукцијата.

По премиерата, вечерта ќе продолжи со концерт на македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев. Концертот е поддржан од УНХЦР.

Tags: Патување пешТамара Котевска
Next Post

Роберт Ф. Кенеди Јуниор се очекува да се откажува од трката за претседател

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk