На 27 август во 14 часот во Клубот на новинари при ЗНМ ќе се одржи комеморација во чест на колегата Саше Димовски, информираат од ЗНМ.
Саше Димовски почина на 47-годишна возраст по долги и тешки здравствени компликации.
Тој беше долгогодишен соработник и член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) како и претседател на Советот на честа при ЗНМ.
Димовски работеше како новинар од 1996 година во телевизиите Сител, Канал 5 и 24 Вести. Работеше во неделникот и во дневниот весник „Фокус“ како новинар и уредник. Соработуваше со повеќе дневни и неделни изданија, локални и регионални тв медиуми.
Основач е на граѓанската организација и онлајн медиумот „Сведок“ од 2015 година.