ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отворени 63. Струшки вечери на поезијата, годинава со мото „Допир на убавината“

August 23, 2024 09:39
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Струшките вечери на поезијата сведочат за културните вредности што се создаваат на македонските простори и на светските меридијани. Тие се динамична и жива антологија на светската поезија и најголем промотор на македонската и современата светска поезија, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отварањето на 63. издание на меѓународната поетска манифестација во Струга.

Покрај ресорниот министер, на свеченото отворање присуствуваа и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова, министри, пратеници, претставници на дипломатскиот кор, поети….

Прогласувајќи го фестивалот за отворен, министерот Љутков на присутните им посака топло добредојде во Струга со сегмент од перцепцијата на поезијата од годинашниот лауреат, францускиот поет Жан-Пјер Симеон.

-Оваа манифестација има глобално значење, почитувана е и верификувана од светска културна јавност. Континуирано, веќе шеесет и три години, поети од целиот свет, овде, во Струга, ја пренесуваат убавината на пишаниот збор и во единствен, хармоничен глас, испраќаат јасна порака до светот – дека не постојат мали и големи јазици, мали и големи култури. Над реката Дрим, Струшките вечери на поезијата ги сплотуваат стиховите на јазикот на цивилизациското разбирање, јазикот кој сите ние мораме да го зборуваме и да го почитуваме, рече Љутков.

Потсети дека изминатиот период СВП ги овенчаа најзначајните поети на 20 и 21 век, а за некои автори „Златниот венец“ бил вовед кон најголемото светско книжевно признание – Нобеловата награда за литература. Изрази задоволство што за францускиот поет Жан-Пјер Симеон, Струга и Македонија ќе бидат инспирација за многу нови стихови, како слики и пејзажи од срцето на Балканот.

-Дозволете ми во оваа пригода да го изразам моето големо задоволство што годинава на плејадата поети добитници на престижното признание лауреат на „Струшките вечери на поезијата“ ѝ се придружува и добитникот на „Златниот венец“ на поезијата за 2024 година, големиот Жан-Пјер Симеон, кој „Го ослободува јазикот од јаловината и пресоздава јазик, наменет да соопшти, да пренесе, зборовен пејзаж богат со резонанции и метафорични споеви“, истакна ресорниот министер.

Вети дека Министерството за култура и туризам, со поддршка од Владата, ќе продолжи да ги промовира универзалните цивилизациски и културни вредности.

-Ќе останеме доследни на заложбите заеднички да ги прославуваме неодминливите успеси на овој фестивал со космополитски и универзален концепт, да градиме нераскинливи културни врски меѓу народите и да ја негуваме традицијата на обединување на светот низ поетскиот збор. Уште многу години творечкиот дух нека говори од Мостовите на Струга, порача Љутков.

Поетската порака од Фестивалот ја испрати македонскиот поет Веле Смилевски, според кој, Струшките вечери на поезијата во изминатите децении одиграа значајна улога во одржувањето на чувството за потреба од пораките на поетите од сите меридијани, во мисија за запознавање и зближување на народите, литературите и културите од светот.

-Таа мисија ѝ овозможува на поезијата да биде составен дел на животот со улога која, овогодишниот добитник на наградата „Златен венец“, францускиот поет Жан Пјер Симеон, смело ја истакнува во својата песна со наслов „Поезијата треба да владее со светот“. Во својата порака лауреатот вели „Поезијата е, всушност, одбрана на целото човештво против оние што го поседуваат и владеат со светот. Свет кој секојдневно е исполнет со убиства, масакри, деструкции. Свет кој го уништува оној живот за кој
поезијата сонува, во својата потрага по идеалната слобода во кој ќе владее љубовта, рече Смилевски.

Забележа дека поезијата е потисната во, како што кажа, овој бескрупулозен свет оптоварен со ужаси, страв и неизвесност за својата иднина.

-Но факт е дека силата на поезијата е во проникливата и истрајна потрага по смислата на животот. А токму во тоа е надежта која е жива и животворна, оти поетите се во постојана мисија на патот кон новиот поредок во кој ќе владеат слободата и љубовта. Затоа поезијата, како вечна свежина, на патот кон, на изглед, невозможното, му е потребна на овој уморен и суров свет, истакна Смилевски во поетското послание.

Годинашното мото на Фестивалот е „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо, чија кодификација пред 200 години им овозможила на слепите лица преку неговата тактилност и релјефност со допир да навлезат во светот на книгата и писмото и да ја почувствуваат убавината на поезијата. Во таа чест, Константиновата „Т`га за југ“ беше прочитана од слепо лице со помош на Брајовото писмо. сс/хс/

Tags: Струшки вечери на поезијата
Next Post
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

МП: Стапуваат во сила меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба и Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk