ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Француските социјалисти и зелените нема да ги продолжат преговорите со Макрон за формирање нова влада

August 27, 2024 10:42
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Француските социјалисти и зелени одлучија да не ги продолжат преговорите со претседателот Емануел Макрон за формирање нова влада во Франција и наместо тоа ги повикаа своите поддржувачи на мирни протести.

-Нема да ги продолжиме овие лажни консултации со претседател кој и онака не слуша и е опседнат со контролата. Тој не бара решение, туку се обидува да опструира, рече претседателката на партијата на Зелените, Марин Тонделиер. Јавија британските медиуми.

Претседателот на Социјалистичката партија, Оливие Фор, изјави дека нема да се вклучи во преговорите, кои ги нарече „пародија на демократијата“.

Иако коалицијата Нов народен фронт (ННФ), која ги вклучува социјалистите, зелените и неосвоена Франција (ЛФИ), освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори одржани во јули, нивните обиди да формираат влада пропаднаа поради внатрешните борби и противењето на другите партии, соопшти агенцијата.

Кабинетот на Макрон вчера, по првата рунда консултации во Елисејската палата, објави дека претседателот одлучил да ја отфрли опцијата за формирање влада од ННФ во име на „институционална стабилност“.

„Претседателот на Републиката на крајот од консултациите утврди дека влада базирана исклучиво на програмата и партиите предложени од сојузот со најголем број пратеници, Новиот народен фронт, веднаш ќе биде цензурирана од сите други групи застапени во Националното собрание. Таквата влада веднаш би имала против себе мнозинство од повеќе од 350 пратеници, што практично би ја спречило да дејствува“, се наведува во соопштението на Елисејската палата.

Францускиот претседател на 23 август разговараше со претставници на партиите застапени во Парламентот, како и со претседателите на двата дома на францускиот Парламент, со цел да се постигне договор за именување на нов премиер.

На изборите одржани на 7 јули ниту една партија не го освои мнозинството потребно за формирање влада.

ННФ освои најмногу мандати, на второ место е „Заедно“ на Емануел Макрон, а на трето екстремно десничарскиот Национален собир.

Next Post

Македонската фудбалска репрезентативка Андонова потпиша за Ал Шабаб од Саудиска Арабија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk