ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Платформата 1198 означува број на проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира или ќе ги запре?

September 3, 2024 16:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Според досегашните перформанси на Владата: Платформата #1198 означува број на проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира или ќе ги запре?

Покрај запирањето на ЕУ-интеграциите, „успешно“ е закочен проектот за железничко поврзување на Северна Македонија по Коридорот 8. Проект уште од 1993 и Владата на Црвенковски, вклопен во стратегијата на јужноевропско и евроатланско транспортно поврзување од Италија до Турција.

Неговата траса е утврдена уште тогаш (иако со сите “закони за легализација на дивоградби“ по неа никнаа десетици куќи), а избрана е поради фактот што од бугарска страна пругата со децении е скоро целосно комплетирана.

Ниту Владата на ВМРО-ДПМНЕ на Георгиевски (1998-2002) ниту на Груевски (2006-17) не го оспори и запре проектот, а Владите на Заев и Ковачевски осигураа финансирање на сите фази од овој дел од коридорот и од ЕБОР и ЕИБ, согласно европското значење на коридорот.

Во отсуство на домашни градежни компании капацитативни за вакви проекти на тендерите добиваа странски компании.

Но за опаѓањето на градежните гиганти „Маврово“, „Бетон“, „Пелагонија“, „Гранит“… кои можеа да градат патишта, брани и железници низ Балканот, Блискиот Исток и Северна Африка, а добар дел од нив денес не ни постојат – не може да обвинуваме никого освен домашниот менаџмент во економијата и политиката.

Овие гиганти „паднаа“ откако за банките како финансиери и за политичарите стана “поисплатливо” бетонирањето на секое „зелено парче“ во “Скопје 2014” за 2, 3, 4, 5… илјади евра „по квадрат“ од „нови претприемачи“, одошто заживувањето на градовите и селата долж патиштата и железниците по кои (домашно произведени) стоки ќе се движат во и преку Северна Македонија, а луѓето лесно ќе патуваат.

Така големите странски компании станаа поквалификувани на тендерите за поголемите инфраструктурни проекти, а домашните им станаа подизведувачи.

Откако политички и финансиски не го оправда запирањето на железничкото и патното поврзување на Северна Македонија со Бугарија (и со Албанија и Косово), Мицкоски воведно изјави дека имало обид за негово корумпирање за продолжување на градежните работи по секцијата 3 од коридорот 8 и дека за тоа ги известил и „надлежните институции во земјата“ и „европските партнери“.

Имајќи ја предвид сериозноста на обвинувањето кое и според медиумите се сведува на една од седумте турски компании кои учествувале на тендерот и бидејќи:

– станува збор за проект(и) финансиран(и) од европски финансиски извори,

– практично се фрла дамка на економските северномакедонско-турските односи,

– се отвора прашање дали ова е исклучок или такви обиди имало и во претходните фази,

– ги прекинува градежните зафати по проектот и временски дополнително го кочи поврзувањето по делот и целиот коридор 8…

…по втор пат треба да ја апострофираме потребата премиерот да го информира за ова Обвинителството.

Исто и министерот за транспорт кој неколку дена подоцна и самиот изјави дека обид за корупција имало и врз него и врз други функционери, без да прецизира дали од иста или од различни компании.

Но и коалициските партнери, на пример од ВЛЕН треба да одговорат дали и до нив дошле вакви информации или “понуди”.

Во спротивно, доколку оваа тема „тивко“ ја снема од медиумскиот и политичкиот фокус и нема обвинителен акт, ќе може да се заклучи дека всушност со ваквите изјави владините функционери вршеле притисок врз некоја од компаниите.

Затоа, за поздравување е што пред два дена и опозицискиот лидер Филипче побара вклучување на правосудството.

Политички гледано, ВМРО-ДПМНЕ на Мицкоски од 2024 не може да го повтори имиџот на партијата предводена од Груевски во 2006 ни кадровски ни проектно и затоа сега повеќе се занимава со запирање одошто со промовирање проекти.

На локално ниво, во Скопје тоа се виде со негласањето набавка на нови автобуси. Но политиката на ВМРО-ДПМНЕ на казнување на скопјани и со тоа што ја предложи и избра Арсовска за градоначалник и сега со тоа што ги остава без јавен превоз – ќе се оценува на следните локални избори.

Но суштински, сериозноста на обвинувањата за корупција од вака висок профил не трпат одлагање и третман „секое чудо за три дена“. Тие бараат истражен епилог, затоа што во прашање е угледот – особено на институциите на Северна Македонија.

Текстот е личен став на Авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk