ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Директорката на „Козле“ Симоновска ги демантира наводите на портпаролката на СДСМ Кузеска

September 5, 2024 20:11
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје , непречено ги реализира сите здравствени услуги за педијатриските пациенти, реагира директорката на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, Каролина Симоновска, на изјавата од портпаролкатат на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Во однос на денешните обвинувања во јавноста, одговорно информираме дека клиниката има комплетен тим за изведување на бронхоскопија со соодветна стручност на највисоко ниво за проблематиката која ја работи .Во тимот е бронхоскопист-орл специјалист кој е со докажани успеси со децении наназад, .материјали за бронхоскопија има  и се  набавуваат согласно потребите на клиниката. Нема застој во ниеден оддел  или сектор во клиниката и се функционира како и претходно во нормални услови за работа.Универзитетската клиника уште еднаш  укажува  дека заради специфичната дејност која ја обавува и е во интерес на пациентите ,не ни е потребен партиско-медиумски негативен публицитет.Исто така ја уверуваме јавноста дека секогаш и во секој поглед ,стручниот тим на лекари е подготвен да реагира на највиско ниво и стандарди ,потребни за една Универзитетска клиника“, истакнува Симоновска.

Претходно Кузеска изјави дека „по 40 години кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската клиника Козле“.

Таа нагласи дека „врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од  морална и етичка свест, си дадоа оставки  поради одлуката на директорката Симоновска да не дозволи набавка на потребните материјали,  апаратчињата „баскет“, во потребниот број“.

„Дополнително, шест члена од новиот тим за бронхоскопија, исто така поднеле барање до директорката Симоновска да бидат изземни од извршување на работата. Апаратчињата „баскет“ се неопходни за извршување на интервенциите за безбедно вадење на залетнат предмет во дишните патишта кај малите деца. Симоновска сакала да го раскине и договорот со  анестезиолозите. Директорката Симоновска треба да одговори, дали се точни информациите дека вработените на клиниката трпат мобинг? Дали е тоа е уште една од причините за распад на овој оддел кој работи над 40 години? Во моментов на одделот за бронхоскопија  нема ниту тум, ниту материјал, што го става под директен ризик здравјето и животот на децата на кои ќе им е потребна ваква интервенција. Директорке Симоновска, да Ве потсетиме, Вие пред сѐ сте доктор кој положил заклетва, кој се обврзал дека ќе се грижи за здравјето на граѓаните. Во ваши раце е здравјето на нашите најмили. Клиниката „Козле“, не е ниту  приватна фирма, ниту партија! Здравјето на децата нема цена и нема партиска припадност ! Вашите одлуки се тотално неодговорни и опасни по здравјето на децата и треба да бидат променети! Бараме кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш да ја вратат во функција детската клиника Козле и директорката да понесе одговорност“, истакна Кузеска.

Поврзано: 

Кузеска: По 40 години кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската клиника Козле

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КозлеКузескаСимоновска

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk