ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фидан – Муцунски: Турција е докажан пријател и НАТО сојузник на Северна Македонија

September 5, 2024 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Турција цврсто ја поддржува Северна Македонија од осамостојувањето и непоколебливо ќе продолжи со тоа и во иднина, порача турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој се наоѓа во официјална посета на земјава.

– Имавме интензивна агенда. Соработката, пријателска и сојузништвото со Македонија ги цениме многу. Разговаравме како можеме да ја унапредиме оваа соработка. Како Турција, изразуваме дека имаме сериозна намера да потпишеме Виш стратешки совет за соработка. Турција има цел да се зголеми билатералниот трговски обем на две милјарди долари и ќе продолжиме со поддршка на турските компании да инвестираат во земјава. Продолжуваме и со воената соработка, преку учество на заеднички воени вежби, изјави Фидан по средбата со Муцунски.

Северна Македонија има посебно место за мене, нагласи Фидан, и верувам дека Отоманското наследство е значаен дел од културното наследство на оваа земја. Овие историски споменици кои се реставрирани со поддршка на нашите институции придонесуваат за зголемување на туристичкиот потенцијал на земјава. Фидан нагласи дека ќе продолжи со соработката во таа област.

– Турската заедница во земјава силно не поврзува, слично како Камениот мост во Скопје. Сакаме да се развиваат односите помеѓу сите заедници и да се зачува оваа хармонија на Северна Македонија. За барањата за настава на мајчин јазик и инфраструктурни проекти на турската заедница, верувам дека новата Влада ќе има позитивен пристап. Воедно, верувам дека новата Влада ќе има чувствителен пристап во областа на борбата против тероризмот, на чело со ФЕТО, бидејќи тоа не е закана само за Турција, туку и за сите земји каде што е присутна. Очекуваме Северна Македонија да даде помоќна поддршка во борбата против ФЕТО, изјави Фидан.

Балканот, според Фидан, има геостратешко значење и овој регион директно придонесува кон мирот и стабилноста на Европа.

– Посакуваме да имаме мир и стабилност на целиот Балкан, тоа е основен приоритет за нас и како Турција сме активно вклучени во таа насока. Турција на Балканот секогаш има проактивен став и нашите заложби уште повеќе ќе ги зајакнеме, благодарение на соработката со Северна Македонија, земја која се наоѓа во срцето на Балканот, нагласи Фидан.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е домаќин на турскиот колега Фидан, на заедничка прес-конференција изјави дека Турција е наш докажан пријател и НАТО сојузник. Денешната посета, Муцунски ја оцени како значаен момент во билатералните односи, како и дека како прва посета на странски министер за надворешни работи од неговото стапување на функцијата, како што нагласи, е силна потврда за се поинтензивниот политички дијалог меѓу двете земји, растечката замена доверба, партнерство и пријателство.

– Традиционално добрите пријателски односи позитивно влијаат на зајакнувањето на економската соработка. Со Турција, наш партнер и НАТО сојузник, споделуваме заеднички погледи и грижи за безбедносни и други регионални закани. Посебно го запознав колегата со актуелните состојби во регионот, гледано од наша перспектива која е целосно свртена кон ЕУ реформскиот процес и побрза интеграција во ЕУ. Посебно го запознав со актуелната позиција на државата со ЕУ процесот, укажувајќи на фактот дека предвидливост во процесот на пристапување во ЕУ не е само процедурална работа, туку е камен темелник на нашата стабилност и напредок, изјави Муцунски.

Од својата независност, посочи Муцунски, нашата држава можеше да се потпре на Турција како наш докажан пријател и поддржувач за остварување на нашите стратешки определби и цели.

–  Затоа би сакал да изразам убеденост дека ваквата пракса на редовен дијалог на високи политичко ниво ќе продолжи и во иднина. За што, верувам дека постои заедничка волја и верувам дека тоа ќе го направиме имајќи го предвид интересот на нашите граѓани, изјави Муцунски.

Фидан, како што е најавено, ќе го посети и Собранието на Република Северна Македонија каде ќе има средба со спикерот Африм Гаши.

Tags: Тимчо МуцунскиХакан Фидан
Next Post

Министерката Јаневска состојбата со учебниците ја оцени како одлична

НАЈНОВО

Фото: „Конект“

Добротворна модна акција вечер во Скопје

November 4, 2025
Џоди Фостер и Ентони Хопкинс. Кларис и Лектор во Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинските стравови на Џоди Фостер од Ентони Хопкинс

November 4, 2025

Холандскиот парламент со најголем процент жени-пратенички досега (43%)

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војаџерите на НАСА открија „ѕид од оган“ на работ од Сончевиот систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk