ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Министерката Јаневска состојбата со учебниците ја оцени како одлична

September 5, 2024 15:47
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во изјава состојбата со учебниците ја оцени како одлична.

-Директорите, наставниците и класните раководители се должни да побараат онолку учебници колку што им требаат. МОН и Бирото за развој на образованието објавија за кои предмети треба, а за кои не треба да има учебници. За изборните предмети, деловите од новата концепција кои ние како нова Влада ги прифаќаме, не треба да има учебници, туку учениците преку интерактивна работа меѓу себе и со наставникот ќе ги стекнуваат знаењата. Доколку директорите не порачале доволно учебници ќе им биде нагласено дека згрешиле, рече Јаневска.

Прецизира дека МОН отвора информациски систем во кој вели запишете колку учебници ви требаат, а директорите се должни за секое училиште да кажат колку учебници им требаат со точна бројка.

-Ние не сме им забраниле да искалкулираат 2 до 3 проценти повеќе, напротив одлучивме да се обезбеди двојно од бројката која тие ја побараа и тоа е правило и јас како министер и било кој од МОН не може да отстапи од тоа правило. Ако директорите не си ја завршиле работата не е одговорност на МОН, но ќе направиме напор ако некаде постои вишок на книги да обезбедиме учебник таму каде што нема, истакна Јаневска.

Истакна дека се што можеше да се направи во изминатите 70 дена од мандатот на новата Влада е направено, но не може да се реши се што беше оставено како проблем од претходната власт.

-Со буџетот за следната година се е предвидено и сите олеснувања за  учениците и родителите зашто образованието, учениците и родителите ни се во фокусот, посочи Јаневска.

Прашана дали букварите што ги доделуваа министерот Меџити и градоначалникот на Тетово, Касами се одобрени од Бирото за развој на образованието, Јаневска рече дека Бирото го одобрило букварот како дидактички помошен материјал, а поранешниот министер Јетон Шаќири го потпишал.

-Сега ова е донација, а секој може да донира дидактички материјал. Тоа е поминато низ институциите на државата, но не е учебник. Со диплома и со сведителство во оваа држава може да се стекнат само тие што учат по наставна програма и план одобрени од Бирото за развој на образование на нашата држава, рече Јаневска и додаде дека дидактичките материјали одобрени од Бирото и поранешниот министер може да бидат во употреба.

Tags: Јаневскаучебници
Next Post

Нема образовни асистенти во училиштата, министерката Јаневска вели училиштата не распишале навреме конкурси

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk