Основачот и извршен директор на Телеграм, Павел Дуров во прва изјава по условното ослободување од притвор во Франција, вети дека ќе се бори против криминалот на неговата апликација, истакнувајќи оти платформата за пораки не е анархистички рај.
– Телеграм не е некаков вид анархистички рај. Брзото зголемување на бројот на корисници на апликацијата предизвика слаби точки што им олесни на криминалците да злоупотребуваат, напиша Дуров на Телеграм.
Тој додаде дека си поставил цел за подобрување на платформата и оти набрзо ќе соопшти за тоа.
Дуров исто така наведе и дека француската истрага „користи закони од пред паметните телефони“ за да го обвинат него за „злосторства извршени од трети лица“ на Телеграм.
Француските власти поднесоа прелиминарни обвиненија против основачот на Телеграм, кој има руско и француско државјанство, дека дозволил користење на апликацијата за криминални активности. Дуров на крајот на август беше уапсен на аеродромот во Париз и сослушуван четири дена како дел од опсежната истрага. Тој е ослободен со кауција од пет милиони евра, но мора двапати неделно да се јавува во полициска станица.
Поврзано:
Франција отвори официјална истрага против основачот на Телеграм, Павел Дуров