ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лимани: Вработувањата на стручниот кадар во градинките во Струга е оневозможен поради неименување на директор од страна на градоначалникот Мерко

September 6, 2024 16:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани вели дека вработувањето на стручниот кадар во градинката „8 Март“ во Струга е оневозможен поради неименување на директор од страна на градоначалникот Рамиз Мерко, затоа што со самото тоа што нема овластено лице во јавната установа односно директор, нема можност за вработување на кадар по ниту еден основ.

Од Министерството информираат дека е извршен вонреден инспекциски надзор и дека од 30 јули годинава нема назначено вршител на должноста или директор.

– Со цел точно информирање на јавноста за состојбата со ЈОУДГ  „8 Март“, Општина Струга, и спречување на ширење на дезинформации кои го нарушуваат угледот и работата на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, како и работата на самото Министерство, ги известуваме граѓаните дека  инспекторите од Одделението за инспекциски надзор за заштита на децата при Министерството за социјална политика, демографија и млади извршија вонреден инспекциски надзор во ЈОУДГ  „8 Март“, Општина Струга и констатираа дека се згрижуваат деца со намален капацитет и градинката од 30 јули годинава нема ниту вршител на должноста директор, ниту директор, се наведува во соопштението од Министеството.

Оттаму појаснуваат дека извршен е и надзор над работата на органите на Општината односно градоначалникот на Општина Струга чија законска обврска е именување на вршител на должноста директор, односно именување директор на предучилишната установа и му било дадено укажување веднаш да постапи согласно неговите ингеренции од областа заштита на децата бидејќи со настаната состојба е оневозможено тековното функционирање на предучилишната  установа.

-Со самото тоа што нема овластено лице во правното лице (јавната установа) односно директор, нема можност за вработување на кадар по ниту еден основ. Согласно одредбите за заштита на децата, единствен надлежен за именување директор е градоначалникот односно општината како основач на предучилишната установа. Оттука, наводите од страна на политичката партија Левица, дека министерот Лимани ги оставил градинките во Струга без кадар, објавено во медиумите, се само неуспешен обид за девалвација и собирање на политички поени на опозицијата. Исто така, неуспешни му се и обвинувањата на градоначалникот на општина Струга, кој вината за настанатата состојба ја посочи во Министерството, се додава во соопштението.

Од политичката партија „Левица“ денеска обвинија дека министерот Лимани ги оставил градинките во Струга без стручен кадар.

– Иако, министерот Фатмир Лимани најави дека посветено ќе работат за намалување на листите за чекање за упис во градинките, бидејќи секое дете е важно, реалноста кажува сосем друго. За жал, бројот на вработените воспитувачки и негователки се намалува, а нивното место не се пополнува ниту по заминување во пензија, а поради тоа на повеќе дечиња им е ускратено правото да можат да бидат згрижени во градинка, наведе Левица во соопштението.

Tags: МеркоСтругаФатмир Лимани
Next Post

Ретвари: Унгарија ќе им понуди на мигрантите бесплатно патување во еден правец до седиштето на ЕУ во Брисел

НАЈНОВО

Скриншот

На годишнината од Кадифената револуција: Демонстрантите ја обвинија Владата на Фицо за поткопување на демократијата

November 18, 2025

Студентите во блокада под кибер-напад: Профилите во Нови Сад вратени, во Ниш се соочуваат со ботови

November 18, 2025
Скриншот

Хамас ја отфрли резолуцијата на ОН за мировниот план за Газа

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk