Американскиот актер Џејмс Ерл Џонс, најпознат по тоа што беше гласот на негативецот од „Војна на ѕвездите“, Дарт Вејдер, почина на 93-годишна возраст.
Тој почина во понеделникот рано наутро опкружен со своето семејство, изјави агентот Бери Мекферсон.
Џонс глумеше во десетици филмови, вклучувајќи ги Полето на соништата, Доаѓање во Америка, Конан Варваринот и Кралот Лав. Тој беше најпознат по тоа што на супернегативецот од „Војна на ѕвездите“ Дарт Вејдер му го даде својот специфичен глас.
Холивудски актери со емотивни пораки на социјалните мрежи се збогуваат со почитуваниот Џејмс Ерл Џонс.