ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ: Скандал, Тошковски „удри“ по полицајците на Блаце за да го спаси Рамука

September 10, 2024 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– Денес објавуваме нов скандал поврзан со работењето на Панче Тошковски и МВР. Ова што денес ќе го слушне јавноста, е школски пример за партиско-полициска држава и злоупотреба на функцијата за политичка заштита на партиски назначен началник. Во овој случај, граѓаните ќе чујат како Тошковски врши притисок и казнува невини и чесни луѓе, вработени во МВР, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа истакна дека „откако јавноста разбра за целиот скандал поврзан со сватовите на Гаши и нивното пропуштање низ граница без контрола, денес го обзнануваме пеколот кој им следувал на вработени на границата Блаце“.

Панче Тошковски и неговиот омилен началник Наим Рамука, сакаат да им се накалеми наводна одговорност на вработените на Блаце за тие двајцата да останат чисти, вели Кузеска.

„Според информациите кои СДСМ ги доби од свиркачи, откако Тошковски не успеа да го скрие скандалот од јавноста и сфати дека мора да се бара одговорност од некого, тој и Наим Рамука дошле до идеа да ги набедат луѓето кои си работеле на смена на границата Блаце. Бидејќи СДСМ ја обзнани целата шема и директната наредба која ја дал Наим Рамука, јасно е дека овие луѓе немаат никаква одговорност.

Според нашите информации, Командирот на граничниот премин Блаце, добил директно барање од Наим Рамука дека треба на шест вработени да им бидат изречени писмени опомени. Со ова, планот бил тие да поминеле без парични казни и да си ја преземеле одговорноста. Рамука го информирал Командирот дека ова мора да се заврши затоа што целата работа наводно била договорена меѓу Изет Меџити и Панче Тошковски, на високо политичко ниво. Вака Тошковски и Рамука сакале да се забошоти целата работа.

Но, Командирот на граничниот премин Блаце, чие име нема да го откриеме, одбил да изрече таква казна сметајќи дека тоа е нечесно кон вработените. Тој јасно кажал дека нема одговорност кај вработените и побарал случајот да го реши Внатрешната контрола на МВР.

Според нашите информации, во моментов случајот е во Внатрешна контрола која мака мачи како да го оправда целиот случај и очигледно се обидуваат да направат манипулација и да обвинат некој друг. Ова е МВР под водство на Тошковски почитувани граѓани. Ова е добро познатото ВМРО-МВРО и методите од времето на Гордана Јанкуловска.

СДСМ бара, итно, јавно и транспрентно да се објават наодите на внатрешна контрола. СДСМ бара итно да се лоцира одговорноста кај оној кој дал командата!

Точно знаеме кој, како и за што треба да одговара и ова веќе го објавивме во јавноста. Доколку Тошковски се обиде било кој вработен во МВР да го искористи како жртвено јагне, остро ќе реагираме. Понатаму, бараме уште еднаш обивнителството да се изјани по случајот. Зошто ОЈО молчи? Бараме итно да бидат конечно разрешени Рамука и Тошковски, овие скандали веќе немаат крај. За крај прашуваме, има ли грам човечност во Тошковски? За одговорност знаеме дека нема. Има ли малку доблест да го разреши Наим Рамука и тој да се повлече наместо да мести невини луѓе да одговараат?Дали вака ВМРО-ДПМНЕ ја замислува одговорноста за која беседи Мицкоски? Ова ли е таа департизација која треба да се направи од неговата смешна платформа? Срамно и жално, но пред се опасно е ова што се прави. Ако вака се местат уште сега луѓе да одговараат за да си ги покријат скандалите, тогаш каде ни е крајот“, истакна Кузеска.

Tags: БлацеКузескаТошковски
Next Post

Синер е ослободен од сите обвиненија за допинг

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk