ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судскиот совет одржа јавна расправа за судијата Нанев, но тој не дојде на седницата

September 11, 2024 13:59
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Судскиот совет на Република Северна Македонија одржа јавна расправа во врска со постапка иницирана по поднесени барања за одговорност на судијата од Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев.

На седницата, не присуствуваше судијата Нанев, иако барал од Судскиот совет да биде јавна, за да може јавно да се произнесе по наводите.

Претседателката на Комисијата Лорета Георгиева информира дека Нанев поканата ја примил на 8 февруари, но до започнување на денешната расправа не пратил известување.

-Постапките по овие расправи се одвиваат без јавност, но по барање на судијата, Советот ќе одлучи постапката да е јавна. Од страна на судијата по доставување на предметното барање за одговор, истиот се осврнува на наводите во барањето. Истовремено доставува во затворено плико повеќе докази, без конкретно наведена листа на докази и цитирам “изјавата ќе ја дадам усно и овој концепт има значење и може да се користи само со усна изјава”. Истовремено во истиот поднесок судијата, цитирам вели “барам да ми се овозможи да ги повикам претставниците на меѓународната и дипломатска заедница и невладини за да имаат увид во ширењето лаги и невистини”, изјави Георгиева.

Георгиева, како претседател на Комисијата побара од членовите да се произнесат дали има услови за одлагање, со оглед дека за претходно одложената расправа во јули годинава, Нанев доставил известување за боледување и негова хоспитализација.

За одржување на расправата беа останатите двајца членови на Комисијата Тања Чачарова и Мирсад Сурој.

Подносителот на барањето, судијката Антоанета Димовска, рече дека Лазар Нанев намерно или ненамерно направил крупна професионална грешка и како Судија го примил во работа предмет против обвинет со кој остварувал телефонска комуникација.

– По моето стапување на функцијата член на Судски совет на дневен ред беше извештај за констатирана состојба во ОС Кавадарци, подготвен од тогашниот координатор Павлина Црвенковска. Со измена на годишниот распоред, јас бев назначена за координатор. Имајќи ја в предвид содржината на извештајот, во кој е констатирано дека постојат листинзи од извршени телефонски разговори меѓу судијата Лазар Нанев и Ванчо Кузманов, обвинет во предмет К- 204/20 како сопственик и управител на Ангола бест ДООЛ, а се работи за вкупно 95 телефонски повици. Сметав дека ваквото однесување значи несмасно и несовесно вршење на функцијата што го прави недостоен за вршење на функцијата, појасни Димовска.

Самата пресуда не е предмет на ова барање, укажа Димовска, туку тоа дека судијата не смеел да има комуникација со една од странките во постапката и прекршување на непристрасност на водење на постапката.

– Предлагам да се изведат доказите, листинзи на телефонска комуникација. Барање за изземање од Основниот јавен обвинител Елизабета Мишева, која барала судијата Нанев да биде изземен, токму поради овие негови јавувања, и пресудата на ОС Каварадци од февруари 2020 година, изјави Димовска.

Разбирам, нагласи Димовска, поради итност на постапка да се направи комуникација, но апсолутно е недозволиво 95 пати да комуницира. – Ќе беше добро судијата Лазар Нанев да биде присутен и да ме разубеди, но тој одлучи да не дојде, изјави Димовска.

Комисијата, со оглед на фактот дека денешната расправа се води без присуство на судијата Лазар Нанев, со што истиот не е присутен да се произнесе по наводите, одлучи да се прочита писмениот навод доставен од него до Судскиот совет. Против тоа, беше членот на Судскиот совет Тања Чачарова, која рече дека законот налага да се заклучи доказната постапка без читање на доказите доставени од судијата.

Како претседател на Комисијата, Лорета Георгиева рече дека смета дека со оглед на двата различни предлози од членовите, иако не се согласува такви како што се, сепак ќе го прифатаи предлогот за читање на овие докази, даден од Мирсад Сурој. Како претседател на Комисијата, Георгиева исто така, рече дека во доставените докази од судијата, тројцата членови имаат направено целосен увид, а заради почитување на принципот на еднаквост на оружјата, сите докази од судијата се доставени и на подносителот, по што ја изведе листата на докази.

Подносителот, судијката Антоанета Димовска, рече дека кога веќе „изведовме куп на докази за кои не знаеме каква доказна вредност имаат, не се противам во целост да се прочитаат како што се”, со оглед дека веќе донесовте одлука да се изведат.

Во завршен збор, Димовска изјави дека останува во целост на барањето за покренување постапка за утврдување одговорност на судијата Лазар Нанев.

– Сакам да потенцирам само неколку битни моменти зошто сметам дека судијата Лазар Нанев намерно и неоправдано направил крупна професионална грешка. Не е спорно и судијата не негира дека се чул 95 пати со обвинетиот Ванчо Кузманов за кривично дело недозволено пренесување на акцизни добра. Ваквото однесување на судијата, кој не оспори дека толку многу пати се слушнал со обвинетите лице, укажува на непрофесионалност и нему познати причини за пристрасност, изјави Димовска.

Со тоа расправата заврши, а по донесување одлука Комисијата ќе го извести со допис судијата.

Next Post
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Собранието сé уште го утврдува дневниот ред на 14. седница, ВЛЕН ја напуша седницата

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk