ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Австралија им ги одзеде одликувањата на неколку свои команданти заради сторени воени злосторства во Авганистан

September 12, 2024 09:39
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Австралискиот министер за одбрана Ричард Mарлс изјави дека на неколку актуелни и поранешни воени команданти им се одземени одликувањата поради наводи за сторени воени злосторства за време на војната во Авганистан, пренесоа американските медиуми.

Препораката за одземање на медaлите на командантите ја даде генерал-мајор Пол Бреретон, кој ја водеше истрагата за воени злосторства, наводно сторени од страна на австралиските специјални сили во периодот меѓу 2005 и 2016 година.

Генералот Бреретон открива дека околу 25 командоси од два полка на специјалните сили биле вклучени во незаконските убиства на 39 Авганистанци.

-Обвиненијата, што се предмет на извештајот на Бреретон, се веројатно најсериозните обвиненија за австралиски воени злосторства во нашата историја, рече Марлс во австралискиот Парламент.

Марлс им пишал на командантите на овие војници за медалите што ги добивале за нивната служба во периодите кога наводно биле извршени воени злосторства. Тој не прецизираше пред парламентот на колку од нив им пишал, ниту ги прецизираше нивните чинови, повикувајќи се на заштитата на личните податоци.

Одземањето на медалите го осуди претседателот на Асоцијацијата на специјалните сили на Австралија, Мартин Хамилтон-Смит, оценувајќи го чинот како „предавство на храброста и пожртвуваноста на австралиските војници“.

„Одлуката на владата го игнорира храброто лидерство на овие млади офицери на бојното поле врз основа на недокажани тврдења дека некаде во некое зафрлено село, невидено и непознато за овие команданти, можеби се случил незаконски чин по нивна наредба“, рече Хамилтон-Смит.

Tags: Австралијавоени злосторствакомандантиодликувања
Next Post

Девизните резерви на крајот на август 4,46 милијарди евра

EVN

НАЈНОВО

Фото: ФБ профил на Мицкоски

Мицкоски: Македонија ги зајакнува преносните линии за електрична енергија и природен гас, гради гасен интерконектор со Грција, почнува изградба и со Србија

January 23, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Жени на листи, мажи во фотелји – Македонија тоне во родова нееднаквост

January 23, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ: Зошто Деспотовски и Шилегов се избрани од ВМРО за напад врз партијата?

January 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Инстаграм

    Откриен е-мејлот на Блејк Лајвли до Бен Афлек среде драмата околу Балдони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција со сила ги исфрли студентите и вработените од Филозофскиот факултет во Нови Сад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пресврт во Давос: Трамп се повлекува од заканите со царини и сила околу Гренланд, најавува „долгорочен договор“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавени резултатите од обдукцијата на фуд-инфлуенсерот Мајкл Дуарте

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk