ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Питомци од Воената академија побарале лекарска помош на Инфективната клиника, едно задржано

September 13, 2024 09:21
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Питомци од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ со симптоми на мачнина и повраќање побарале лекарска помош на Инфективната клиника во Скопје.

Директорот на Клиниката за инфективни болести Фадил Цана во изјава за МИА вели дека 10 лица побарале лекарска помош и сите имале лесни симптоми, освен едно лице кое е задржано на лекување, но е во добра здравствена состојба. Останатите по укажаната медицинска помош се вратени во Академијата.

Информацијата ја потврдија и од Министерството за одбрана од каде соопштија дека вчера во раните утрински часови 20 питомци и двајца офицери на Центарот за обука на питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање.

– Најнапред тројца питомци се пожалиле на мачнина проследена со повраќање по што итно биле пренесени на Инфективната клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде од страна на дежурниот доктор биле прегледани и двајца биле вратени назад во единица без конкретна дијагноза, а еден питомец е хоспитализиран и кој се очекува во текот на денешниот ден да биде вратен во единицата. Подоцна уште седумнаесет питомци и двајца офицери се пожалиле со истите симптоми, по што сите биле однесени на Инфективната клиника, каде биле третирани од страна на медицинскиот персонал и откако им била констатирана стабилна состојба биле пуштени назад во единицата, се вели во информацијата од Министерството за одбрана.

Од страна на Министерството за здравство е побарано Воено медицинскиот центар заедно со инспекторите од Центарот за јавно здравје и од Агенцијата за храна и ветерина да истражат на што се должи овој случај.

– Во текот на вчерашниот ден е направен вонреден хигиенски епидемиолошки надзор од страна на екипи од Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и од Агенцијата за храна во касарната „Гоце Делчев“ каде се наоѓа Воената академија, и од страна на Воено медицинскиот центар во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде исто така четири лица се пожалиле на стомачни тегоби, при што се земени  контролни примероци за испитување. Целта на овие вонредни надзори е намалат или целосно да се отстранат сите ризици кои може да се одразат по здравјето на луѓето. По добиените резултати од испитувањата кои ги очекуваме во текот на денешниот ден, ќе се преземат натамошни чекори согласно препораките на надлежните институции, се вели во информацијата од Министерството за одбрана.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Зуди Џелили

Џелили: Секој политичар знае дека уставните измени се услов за преговори за членство во ЕУ, тоа го знае и Мицкоски

НАЈНОВО

Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

October 8, 2025

Пораст на златото за 54% од почетокот на годината

October 8, 2025

Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ – Уште колку луѓе треба да настрадаат за Тошковски да почувствува одговорност; Министерот вели ова се очајните, неосновани и политички мотивирани напади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk