Политичката партија „Левица“ смета дека со тоа што претседателката на државата се сликала без македонското знаме на средбата со бугарскиот претседател направила потег со којшто оди против македонските интереси.
– Сметаме дека намерно е изоставено македонското знаме затоа што тоа е порака која бугарскиот државен врв ни ја праќа и едноставно гледаме дека македонската претседателка и Кабинетот на претседателката уште не можат да се освестат и да сфатат дека треба да ги штитат македонските интереси, изјави пратеникот на Левица Амар Муциновиќ на прес-конференција во Собранието.