ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сѐ повеќе жртви од поплавите низ Европа

September 16, 2024 14:45
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Поради циклонот „Борис“ кој донесе обилни дождови низ Европа, во покраината Долна Австрија загинаа две лица на возраст од 70 и 80 години.

Австрискиот канцелар Карл Нејмар изјави дека 2.400 војници помагаат при евакуацијата на луѓе и расчистувањето.

Во Долна Австрија загинаа две повозрасни лица на возраст од 70 и 80 години. Австрискиот канцелар Карл Нејмар изјави дека 2400 војници се во приправност за да помогнат при полнењето вреќи со песок, евакуацијата на луѓе и расчистувањето. Во Виена 140 патници на брод за крстарење на реката се заглавија во Дунав. Бродот не може да се закотви, а патниците и екипажот треба да останат таму барем до вторник.

Австриската влада ја прогласи целата покраина Долна Австрија погодена од поплавите, околу главниот град Виена и на границата со Чешка за подрачје на катастрофа.

Во полскиот град Ниса, евакуирана е болница додека Вроцлав е во предупредување од поплави, а голема штета е направена во Клок, Ладек-Здруј и околината. Болницата е евакуирана бидејќи надојдената вода навлегла во одделението за итна брза помош од каде пациентите се евакуирани со понтони и чамци.

Чешката полиција соопшти дека едно лице загина, а седум лица се водат како исчезнати во поплавите. Поради невремето во Чешка без напојување на електрична енергија се околу 118 илјади домаќинства. Надојдена е и реката Морава.

Градоначалникот на Будимпешта, Карачони Гергели изјави дека на градот му се заканува најголема поплава во измината деценија и оти поради зголемениот водостој на Дунав по обилните дождови од претходните дена, главниот град на Унгарија сериозно се подготвува за евентуалните поплави.

Илјадници луѓе вчера беа евакуирани од своите домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, мостови беа однесени, а најмалку 250.000 домаќинства, главно во Чешка, останаа без струја.

Едно лице се удави во неделата во југозападна Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачките операции загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде поплавите однесоа четири животи во саботата.

Tags: европажртвипоплави
Next Post

Комеморацијата за кошаркарската легенда Лазар Лечиќ на 21 септември

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk