ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Меѓународна Летната школа за права на бегалци и миграција во Скопје

September 17, 2024 11:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 16.09.2024 до 20.09.2024, Центарот за право на бегалци и миграции при Правниот факултет „Јустинијан Први“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во партнерство со Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија, по јубилеен петти пат ја организираа летната школа за правата на бегалците и миграциите.

Оваа година летната школа е посветена на темата: „Меѓународното право за бегалци и заштита на лицата без државјанство: граници, националност и перспективи од глобалниот југ“ ( “International Refugee Law and the Protection of Stateless People: Borders, Nationality, and Perspectives from the Global South”).

Летната школа претставува уникатна можност за студенти од целиот свет, од сите три циклуси на студирање, да се стекнат со знаење од областа на право на бегалци и миграција. Програмата опфаќа 12 редовни предавања и дополнителни попладневни сесии распределни во пет дена. Летната школа е дизајнирана да им помогне на студентите критички да размислуваат за прашања поврзани со правата на бегалците и миграцијата во интердисциплинарен и меѓународен контекст. Предавачите на оваа летна школа доаѓаат од целиот свет и се од редот на универзитетски професори, како и експерти и практичари од областа на правото за бегалци и миграцијата и пошироко.

Овогодишната програма исто така ја одбележува 70-годишнината на Конвенцијата на Обединетите нации за бездржавјанство од 1954г. и завршувањето на десетгодишната кампања за ставање крај на бездржавјанството #ЈасПрипаѓам (#IBelong). И покрај овие напори, најмалку 4,4 милиони луѓе во светот остануваат без државјанство. За да го потенцира овој проблем, летната школа има чест да ги претстави г-а Ана Белике, борец за човекови права која се застапува за права на државјанство и еднаквост во Доминиканската Република и г-а Маха Мамо, глобален глас за свет во кој секој има право да припаѓа. И двете имаат искусено живот без државјанство и храбро ги имаат надминато овие предизвици. Нивните сведоштва и преживеани искуства ќе ги контекстуализираат теоретските и правни пристапи кои се дискутираат во ова издание на школата.

Во текот на отворениот повик за летната школа аплицираа 110 студенти од различни делови на светот. Од вкупниот број на апликанти можност да присуствуваат на летната школа добија 50 студенти од 50 држави.

При отварањето на летата школа, нашите учесници имаа чест да слушнат инспиративно воведно обраќање на Габриел Гуалано Де Годој, претставник на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци. Тој потенцира, „Додека ги истражуваме перспективите од Глобалниот Југ, мораме да се фокусираме на виталното значење на инклузивните правни рамки кои го препознаваат правото на државјанство, заштита од бездржавјанството и на практичните мерки кои го издигнуваат човечкото достоинство над границите. Јас искрено верувам дека со тоа што сте дел од оваа летна школа, не само ќе ги проширите вашите хоризонти и ќе го изградите знаењето во областа на заштита на бегалци, но и длабоко ќе се инспирирате, вие, млади правници, да го пронајдете вашиот повик во оваа област и да ја посветите вашата кариера на спасување животи на лицата без државјанство и бегалците.“

На г. Гуалано де Годој, во отворањето на летната школа му се придружија Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ проф.д-р Сашо Георгиевски и проф. д-р Елена Михајлова Стратилати, Раководителка на Центарот за бегалци и миграции. Нивните академски напори се клучни во негување идни борци против бездржавјанство и бранители на правата на бегалци помеѓу студентите.

Факултетот има огромна чест да биде домаќин на меѓународната летна школа која веќе пет години по ред има за цел да мотивира и образува студенти од целиот свет. Оваа иницијатива им помага да станат идни бранители на човековите права и правата на бегалците, со крајна цел ниту еден човек да не биде изоставен. Летната школа се организира во рамки на партнерството помеѓу Факултетот и УНХЦР, а е финансирана од Европската Унија.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Меѓународна Летната школаправа на бегалци и миграција

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk