Ден Билзериан, самопрогласениот „крал на Инстаграм“ кој е познат по разголените забави и оргии во својата вила во стилот на Хју Хефнер, е подготвен да се збогува со „Градот на гревот“, Лас Вегас. Билзериан реши да си замине со стил и на пазарот ја пушти својата огромна палата за која бара „само“ 25 милиони долари. Ова го прави најскапиот имот во градот, пренесува TMZ.
Овој простран имот, кој се наоѓа во луксузната населба Spring Valley, лесно може да се нарече „игралиште за возрасни“. Се состои од 7 спални соби, 14 бањи и доволно голема гаража за паркирање на 16 автомобили.
„Во моите 25 години во недвижен имот, никогаш не сум видел нешто слично. Трошоците за изградба беа над 20 милиони во времето кога го изградија“, изјави агентот за недвижности Френк Наполи за TMZ. „Откако Ден го купи овој имот, тој инвестираше милиони за да го направи уште подобар. Квалитетот на конструкцијата и доработката е најдобар што сум го видел, а тој увезуваше материјали од целиот свет“, додава Наполи.
Но, сега Билзеријан реши да се збогува со својата импресивна палата и да најде нова развратна среќа во недвижностите на Бали и Дубаи. Имено, тој сака да отвори своја продавница на неговиот бренд Ignite, во која се продава сè – од никотински цигари до алкохол – во странство.
Овој милионер стекна голема слава во 2013 година, кога на телевизија беше прикажана сцена од казино во Лас Вегас, каде што се наоѓа на маса опкружен со десетици убавици. Неговиот Инстаграм е полн со фотографии од жешки полуголи девојки.