ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Скандал мајстори

September 17, 2024 11:33
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова не сакала да ги расипе сопствените позитивни импресии од разговорот со нејзиниот бугарски колега Румен Радев и затоа одлучила да не прави скандал во моментот кога сфатила дека со бугарскиот домаќин ќе се слика само со бугарското, а без македонското државно  знаме, Претседателката Сиљановска Давкова на телевизија Сител објасни што мислела и како постапила во критичните моменти.

Кога тргнавме, мислевме дека ќе одиме во просторија за разговор. Одеднаш, кога влегов во просторијата, ги видов двете знамиња и требаше да размислам што да направам. Едната мисла беше дека можам да си заминам и ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот греши, а не јас. Во тој момент решив дека е подобро сепак да не правам скандал, вели таа.

Оставена сама на себе. Што правеле „професионалците“ од нејзиниот кабинет, кои знаејќи колку е чувствителна оваа средба меѓу Сиљановска Давкова и Радев, требало да отворат 4 очи и уши. Но, според кажаното од претседателката во интервјуто на Сител, не само посетата, скандалозни биле и подготовките за истата.

„Нема зошто да има одговорност на шефот на протоколот, бидејќи цело утро и амбасадорката и шефот на мојот протокол бараа контакт по телефон со шефот на протоколот на Радев, но тоа не беше можно. Дури ни кога влеговме, ниту на шефот на мојот протокол ниту на амбасадорката не им беше предочено дека според протоколарните правила за овој вид на посета, нема потреба од истакнување на знамето на гостинката“.

Молам? Тргнале во Софија без предходно, и нејзиниот шеф на протокол и нашата амбасадорка да не остварат ни телефонски  разговор со бугарскиот шеф на протоколот. Излегува дека претседателката отишла на недоговорено. Зарем со тоа што имале резервирани билети за оперска претстава сметале дека е  договорена протоколарна средба на високо државно ниво? Можеле и да не им отворат, да останат пред врата. И пак ќе беше скандал, како и да го свртиш. Освен ако предизвикување скандал не било дел од агендата?

И ако претседателката на нашата земја  решила да не прави скандал во Софија, чуму тогаш целата циркузијада по нејзиното враќање дома? Зошто едноставно и таа, и нејзиниот кабинет, и ВМРО ДПМНЕ не ја спуштија топката, правдајќи се дека таков бил бугарскиот протокол, како што тоа го прават сега куририте откако излегоа фотографии дека и Мицкоски се сликал без македонското знаме со хрватскиот претседател Милановиќ, па спинуваат дека таков бил хрватскиот протоколот, објавувајќи фотографија дека имало македонско знаменце на средбата (истата не ја видов во соопштението од средбата на Милановиќ), дека така бил пречекан и Мицотаки… Можеа исто така да реагираат и сега, по средбата со бугарскиот претседател ( та нели, според куририте, и во Софија имало знаменце на ручекот). И ако тогаш изостанаа демаршите до амбасадорот, зошто пратија сега, па згора на тоа имаме и уште еден скандал со одбивањето на бугарскиот амбасадор да ја прифати протестната нота.

Симптоматично е, нели, да се има два аршина, а во двата случаи да е инволвиран (и физички присутен) еден ист министер за надворешни работи, неизбежниот Тимчо Муцунски.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025
Фото: X

Нов израелски напад врз Техеран

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гардијан: Кина ги зголемува залихите на нуклеарни боеви глави, најбрзо во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk