ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Српското МВР ги дискриминира тетовираните полицајци

September 18, 2024 14:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи на Србија само оваа година би можело да остане без неколку млади обучени кадри и идни полицајци, а причината ни помалку, ни повеќе,  е тетоважата што ја имаат на телото кандидатите кои ја поминале целата обука и потоа биле вклучен во ранг листата на Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица, јави дописникот на МИА од Белград.

Според Струковото здружение на полицајци „Д-р Рудолф Арчибалд Рајс“ од Нови Сад, специјализантите им пријавиле дека пред потпишување на договорот со МВР, имале притисок да потпишат барање за замрзнување на статусот на специјализанти, со што им е спречено продолжување на обуката.

-Овој чин, спроведен исклучиво против специјализанти со тетоважи, претставува очигледна дискриминација и грубо кршење на нивните права, велат од Струковото здружение на полицајци.

Така поради тетоважата, таквите кандидати нема да можат да се видат на промовирањето во полицајци.

-Почнав со обуката на 1 септември, три дена подоцна го потпишав Договорот и веднаш потоа ми дадоа два избора – да одам на таргетиран специјалистички преглед, каде што ќе ме паднат поради мојата тетоважа, која е во процес на отстранување, а вториот избор е да напишам молба во која барам ослободување од обука, со цел да ја отстранам тетоважата. Не ми беше понуден избор да останам на обука, го опишува искуството кандидатот од централна Србија за Нова.рс, кој инсистираше да го скриеме неговиот идентитет. Тој тврди дека не е единствениот кому на ваков начин му била прекината обуката и да имало шест вакви лица. Сите тие се дискриминирани со постапувањето на Центарот, тврдат од Струковото здружение на полицијата.

Повереникот  за заштита на рамноправноста утврди дека забраната за носење брада и тетоважи е чин на дискриминација.

-За специјализантите не може да се применува Правилникот за начинот на однесување и личниот изглед на полициските службеници и другите вработени во МВР, бидејќи тие не се вработени полициски службеници, дури и да може да се применува спорниот Правилник, тој предвидува доколку некој има тетоважи, тој мора да ги покрие со облека, но секако тетоважа на телото на учесникот не може да биде пречка за обука, објаснуваат од ова здружение.

Next Post
Фото: ЕПА/МИА

Слот: На натпреварот против Милан, Ливерпул покажа колку е добар со топката

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk