На најновата ранг-листа на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објавена денес, Македонија остана на 72. Место исто како и на претходното рангирање.
Од противниците на македонските фудбалери во групата во Лигата на нации најдобар пласман има Ерменија која е 96-та, односно има скок од едно место.
Летонија се наоѓа на 137.позиција, додека Фарски Острови се на 140.место.
Во Топ 10 нема промени. Води Аргентина пред Франција и Шпанија. По нив следуваат: Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 24 октомври.