Според истражување на социолошкиот институт ИНСА за весникот „Билд“, околу 34 отсто од испитаниците во истражувањето сметаат дека, доколку победи ЦДУ, треба да соработува со партијата на актуелниот канцелар Олаф Шолц, централно-левичарската германска социјалдемократска партија, за да формира влада, пренесе ДПА.
Околу 20 отсто од испитаниците сметаат дека доколку германската конзервативна партија Христијанско-демократската унија (ЦДУ) победи на парламентарните избори следната година, нејзиниот лидер Фридрих Мерц треба да формира коалициска влада со екстремно десничарската „Алтернатива за Германија“
Мерц ја отфрли можноста за формирање влада со екстремно десничарската партија, чии различни ограноци се класифицирани од германското домашно разузнавање како екстремистичка или сомнително екстремистичка.
Во анкетата, и Мерц и Шолц добиваат 30 отсто поддршка, а 35 отсто не го одобруваат ниту еден од нив.
Во Германија канцеларот не се избира директно од гласачите, туку од Бундестагот.
Во германската покраина Бранденбург денеска се одржуваат избори, три недели откако екстремно десничарската партија освои уште две покраини во источна Германија.
Околу 2,1 милион луѓе се регистрирани да гласаат за новиот државен парламент во Бранденбург, а изборите внимателно се следат за да се види политичката насока на земјата.
Последните анкети покажаа дека екстремно десничарската Алтернатива за Германија речиси со иста поддршка како и социјалдемократите, партијата која владее со Бранденбург од обединувањето на Германија во 1990 година.
J. Ѓ.