Бројот на загинати во израелскиот воздушен напад, чија цел беа воени команданти на Хезболах во јужните предградија на Бејрут оваа недела се искачи на 45, соопшти денеска либанското Министерство за здравство.
„Бројот на загинатите се искачи на 45 лица“, се вели во соопштението на министерството, ажурирајќи го претходниот биланс од 37 од нападот во петокот. Се додава дека „работата продолжува на отстранување на урнатините трет ден по ред“ и дека примерок од ДНК ќе се користи за да се утврди идентитетот на некои од телата.