ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

КФСМ изрече казни за инцидентите на натпреварот ТФТ – Чаир

September 24, 2024 10:20
in ДЕНЕС, СПОРТ

Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) изрече санкции во врска со прекинатиот натпревар меѓу ТФТ Скопје и Чаир 2023 во кој навивачи на Чаир физички нападнаа кошаркар на противничкиот табор, по што дуелот беше прекинат.

Поради организациски пропусти и непочитување на прописите на КФСМ за организирање натпревари, ТФТ Скопје е казнет со 30.000 денари и забрана за настап на домашен терен со публика на два натпревари.

Капитенот на ТФТ, Едис Нури, е санкциониран со два натпревари поради „учество во тепачка‘, додека неговиот соиграч Иван Наумовски е санкциониран еден натпревар поради „фрлање тврд предмет кон публиката“.

Прволигашот Чаир2030 е казнет парично со 48.000 денари и забрана за настап со публика на домашен терен од три натпревари поради, како што се наведува во одлуката на КФСМ, „остварен физички напад од страна на симпатизери на КК Чаир 2030 околу теренот за време на одигрување на натпреварот“.

Помошникот тренер на Чаир 2030, Еркам Исмаили, е санкциониран еден натпревар додека делегатот на натпреварот Антонио Теофиловски е казнет со забрана за вршење должност на два натпревари.

Контролниот натпревар меѓу ТФТ и Чаир беше прекинат на 19 овој месец во финишот на третата четвртина кога поголема група навивачи на Чаир 2030 физички нападнаа од трибините кошаркар на ТФТ.

Tags: КФМТФТЧаир
Next Post

ЕКСПЕРТИ: Падот на просечната плата може да има длабоки импликации врз животниот стандард и економската стабилност на граѓаните

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk