ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мемов: ЗНАМ продолжува да расте, се формираат општински организации низ цела Македонија

September 24, 2024 15:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска одржа прес конференција на која портпаролот Никола Мемов рече дека согласно одлуката на Централниот одбор од  јули  годинава, во тек се интензивни активности на теренот за формирање на општинските организации на Движењето низ цела Македонија, информираат од ЗНАМ.

„Големиот интерес и наплив на нови членови, високо-стручни луѓе, кои претходно биле ангажирани во политичкипартии,  членови од СДСМ, но и луѓе кои за прв пат се членови на партија, се најдобар показател за нашите правилни политики, рече тој.

Мемов информира дека согласно роковникот за одржување на општинските конференции, во  септември се формирани следните општински организации на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија со избрани претседател, секретар, членови на извршен одбор и членови на надзорен одбор:
1. ОО Аеродром:
Претседател:  Јоне Ивановски
Секретар : Наташа Несторовски
2. ОО Велес:
Претседател: Андреја  Весов
Секретар : Милка Панова
3. ОО Штип
Претседател:  Ѓорѓи  Хубрев
Секретар : Антонио Панчевски
4. ОО Кичево
Претседател: Маја Богеска
Секретар : Анче Петрески
5. ОО Ресен
Претседател: Фросе  Ѓоргиевска
Секретар :  Искра   Симеоновска
6. ОО Берово
Претседател: Билјана Дракалска
Секретар : Јовче Ајтовски
7. ОО Демир Хисар
Претседател:  Љупчо Најдовски
Секретар : Соња  Шилкоски
8. ОО Пробиштип
Претседател: Илија  Петковски
Секретар:  Драгана Зојкова Павлов
9. ОО Новаци
Претседател: Кире Јовановски
Секретар : Николче Талевски

Мемов додаде дека во тек се  и подготовките, а траат и  консултациите за изборните конференции за Струга, Дебарца, Вевчани, Долнени, скопските општини Кисела Вода, Гази Баба, Центар,  Карпош,  Ѓорче Петров,  Бутел, Чаир, Шуто Оризари  како и градската организација на Движење ЗНАМ-За
наша Македонија-Скопје, кои е предвидено да се одржат во текот на октомври.

„Основачката Конференција на општинската организација во Битола свечено ќе се одржи на 11-ти октомври. Паралелно со изборните конференции, во тек е и формирањето на клубовите на жените и младите, а заокружувањето на процесот на изградбата на партиската инфраструктура  ќе финишира со формирањето на стручните партиски комисии кои ќе ја следат имплементацијата на владините политики
во сите сфери“, рече портпаролот Мемов.

Тој нагласи дека крајната цел на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија, една година по основањето, е да има своја партиска структура во сите општини во Македонија и подготвено да ги дочека Локалните избори во 2025 година.

„Сакаме да потенцираме дека сме исклучитечно задоволни од работата на функционерите избрани од редовите на Движењетро ЗНАМ – За наша Македонија,  во инсититуциите со кои раководат, како и  од работата на пратеничката група во Собранието на Македонија.

Од досега сработеното сигурни сме дека граѓаните го препознаваат нашиот посебен пристап во раководењето со инсититуциите во Македонија, штитејќи  го државниот интерес и интереосот на народот“, додаде тој.

„Движењето ЗНАМ-За наша Македонија води конзистентни политики, а ние, како владин партнер, инсистираме на доследна имплементација на програмата на владата, како и дефинираните принципи за функционирање на владата со ВМРО-ДПМНЕ за наше учество во владината коалиција.

Продолжуваме заедно напред со иста енергија и посветеност за подобра иднина на сите граѓани во Македонија“, рече Никола Мемов, портпаролот на Движењето на денешната прес конференција.

Запрашан каков е ставот нас Движењето ЗНАМ во однос на одлуката на Уставниот суд  за примената на балансерот, Мемов рече:

„Ние ја поздравуваме одлуката на Уставниот суд и мислиме дека времената мерка е во ред. Ние ќе ја почитуваме таа одлука.

Што се однесува до правичната застапеност, одлуката  нема да биде пречка за застапеноста на етничките заедници во  администрацијата  во следниот период, но се разбира тоа да биде по клучот на квалитет и конзистентност.“

На прашањето дали ќе се носи нов закон за правична застапеност, Мемов рече дека не може да го коментира тоа во моментот.

Тој додаде дека после конечната одлука на Уставниот суд  надлежни за тоа ќе бидат Владата и Собранието.

Запрашан дали носењето на Законот за бранителите може да влијае врз стабилноста на владината коалиција, Мемов рече дека Движењето ЗНАМ- За наша Македонија е гарант  за стабилноста на владата и така ќе остане во текот на целиот мандат, додека се учесници во владата и додаде:

„Тоа значи дека ние го гарантираме  стабилното  владино мнозинство во владината коалиција кога станува збор за националните прашања на македонскиот народ. Ние ќе го поддржиме законот.
Тоа е наш став, уште претходно кажан.“

Мемов потенцира дека овој закон можел да биде донесен: „Сакаме да потенцираме дека СДСМ ја испушти  можноста, додека беше на власт, да го  понуди овој Закон за бранителите и додека беа на власт можеше да се донесат сите  тие решенија, меѓутоа од февруари  го стопираа во собраниска процедура  и сега СДСМ подметнуваат кукавички јајца во Собранието“, рече портпаролот Мемов.

Tags: ЗНАММемов
Next Post

„Пијан Славеј“ на летната сцена „Славиша Кајевски“ нa МНТ

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk