ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Почна МТФ „Денови на комедија“ во Куманово

September 25, 2024 10:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Фото НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово

Share on FacebookShare on Twitter

Во Куманово вчера свечено беше отворен 27-тиот меѓународент фестивал „Денови на комедија“. На отворањето на фестивалот беше доделена наградата „Васил Иљоски“ на актерот Сашко Коцев, за неговиот особен придонес во комедијата. Лауреатот Коцев пред кумановци рече дека за него најважна е реакцијата на публиката.

– За театар се потребни двајца, едниот од оваа сцена да игра, а другиот да гледа тоа сте вие. Ние никогаш не би можеле да постоиме без вас. После ова за мене е уште потешко, затоа што одговорноста е уште поголема и очекувања ссе уште поголеми. Верувам дека нема да ја изневерам публиката и тука сакам да се заблагодарам на советот на фестивалот, на публиката за огромното признание, рече Коцев.

Фестивалот го отвори кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека фестивалот го отсликува градот и менталитетот на кумановци.

– Сака да се заблагодарам на сите актери кои се вградија во овој фестивал, на гостите кои изминативе 27 години беа гости на фестивалот, рече Димитриевски.

Први пред кумановската публика на првата вечер настапи велешкиот театар со „Вечера за глупаци“, вечерва е претставата „Секс, лаги и љубомора“ на народен театар Охрид. Кумановци ќе ги видат и комедиите „Фустан за бегство“ на драматичен куклен театар од Враца, Република Бугарија, „Автопат Сагбама“ на Позориште „Бора Станковиќ“ од Врање, Србија, „Пар распар“ на Театар Комедија од Скопје, „Итроштините на Патук“ од тетовскиот театар, „Се бара нов маж“ од драмско куклен театар Плевен, Бугарија, „Мажи во влечки“ на албанската драма на Театар Куманово, „Женидба“ на Народен театар Штип, „Кокошке“-Народен театар од Ниш. На 8 октомври ќе биде изведена премиерата на „Ноќ спроти Водици (Како што сакате)“ на Театар Куманово во режија на Срѓан Јаниќиевиќ кој традиционално ја затвора фестивалската програма со нова претстава на репертоарот. Освен, официјалната програма на фестивалот како новина е планирана и изведба на студентски претстави. Гледачите ќе имаат можност да проследат две претстави на 30 септември и на 7 октомври

Традиционалниот фестивал е поддржан од Министерството за култура со 600.000 денари, а општината со 350.000 денари.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Денови на комедија“Куманово

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

June 2, 2025

Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

June 2, 2025
Генерирано со ВИ

На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела, Чаир и медиумскиот смут во улога на заштитник на политичко – урбаниот криминал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) СБУ тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk