Израелскиот крајнодесничарски министер за финансии, Безалел Смотрич, денеска го отфрли предлогот за 21-дневен прекин на огнот во Либан и повика на „уништување“ на либанската вооружена група Хезболах, јавија француските меидуми.
„Кампањата на северот треба да заврши со еден единствен резултат: уништување на Хезболах и елиминирање на неговата способност да им наштети на жителите на северот“, рече Смотрич на платформата Х, додавајќи дека прекинот на огнот предложен од САД и нивните сојузници ќе му даде време е Хезболах да се „реорганизира“.