ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Меџити: Предлог-законот за бранители нема да помине, дали СДСМ не беа искрени кога промовираа граѓански концепт

September 26, 2024 12:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт, преку ноќ предлага закон за бранители. Дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон?, рече денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со Предлог-законот за бранителите поднесен од пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска, Меџити оцени дека на СДСМ не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку како да се спасат од одговорноста.

Според Меџити, нема потреба за загриженост зашто законот нема да помине, а актуелната Влада, како што напомена, историски, од 90-тата година досега, има најстабилно мнозинство, 78 пратеници, близу две третини и има демократски и политички капацитет да ги решава проблемите во коалицијата.

-Прашањето и дилемата е како СДСМ, партнерот на ДУИ, кој осум години го промовираше граѓанскиот концепт врз основа на кој добиваше и албански гласови, а има и високи албански функционери во своите редови, преку ноќ од граѓански концепт предлага закон за бранители преку поранешната министерка за одбрана Славјанка. Дилемата е дали не беа искрени кога промовираа граѓански концепт или преку ноќ станаа националисти и предлагаат ваков закон, но не им е грижа ниту за бранителите, ниту за УЧК, туку им е грижа како да се спасат од одговорноста, подвлече Меџити на прес-конференција по повод најавата за засилени контроли за квалитетот на воздухот.

Премиерот Христијан Мицкоски пред неколку денови, по изјавата на Снопче кој најави дека ВЛЕН ќе ја напушти владината коалиција доколку се донесе Законот за бранители, кратко изјави – Нека му е со среќа.

Прочитајте и…

Мицкоски за Снопче кој најави дека ВЛЕН ќе ја напушти владината коалиција доколку се донесе Законот за бранители: Нека му е со среќа

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Закон за бранителиМеџити

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk