ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

September 27, 2024 11:33
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Маркет. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Маркет. Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.

Денеска завршува преодниот период рок на Законот од 6 месеци за да ги усогласат договорите со одредбите на овој закон добавувачите и купувачите кои склучиле договори за снабдување на земјоделски и прехранбени производи до денот на влегување во сила на овој закон. Во спротивно, тие договори ќе станат ништовни.

-Доколку рокот на склучен договор за снабдување на земјоделски и прехранбени производи завршува додека трае преодниот период, добавувачот и купувачот се должни новиот договор да го склучат согласно одредбите на овој Закон од причина што основот за трговски практики во деловното работење меѓу добавувач и купувач се одредбите во овој закон, велат од Министерството за економија и труд.

Надлежен орган за контролира на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која ја контролира примената на одредбите од овој закон и поведува прекршочна постапка доколку се прекрши било која мандаторна одредба од Законот.

-Прекршочна постапка се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и мора да заврши во рок од три месеци. Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Онаму каде што ќе се утврди дека се прекршени одредбите на Законот, се одредува казна односно висина на глоба, дефинирајќи го нејзиното ниво и рокови за плаќање. При изрекувањето на казните односно глоби, Комисијата за заштита на конкуренцијата ги зема предвид сите олеснителни и отежнувачки околности, како што се тежината, обемот и времетраењето на прекршокот и последиците што овој прекршок ги има врз добавувачите, прецизираат од Министерството за економија и труд.

Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето, додаваат, Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.

-Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец, истакнуваат од Министерството.

Како што нагласуваат, решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни.

-Против решенијата може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд. Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 30 дена од денот на приемот на решението и не го одлага извршувањето на решението, велат од Министерството за економија и труд.

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Од вторникот, пак, на сила е одлуката на Владата за ограничувања на профитната маржа до 10 отсто на 73 производи кои се најдоа на листата на „есенската кошница“, што, пак, го контролира Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Токму од ДПИ вчера информираа дека на првиот ден од контролата, кога се контролираа големите маркети, поради утврдени неправилности изречени се парични глоби во висина од околу 20 илјади евра. Вчера се контролираа бурекџилниците и малите маркети, а од денеска ќе се контролираат трговците на големо. Бруто профитната маржа во есенската кошница ќе биде ограничена до крајот на октомври, а со неа од Владата очекуваат да се намалат до 10 отсто цените на овие производи.

Вчера од опозициската СДСМ порачаа дека нема никаков ефект владината мерка за ограничување на маржите на дел прехранбените производи, а од ССМ, пак, сметаат дека мерката за намалени профитни маржи во „есенската кошница“ треба да трае најмалку три месеци за да има поголем ефект.

Tags: Закон за нефер трговски практикицени
Next Post

Средба Николоски - Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

НАЈНОВО

Фото: Скирншот, АП

Што изјави Зеленски по состанокот со Трамп и европските лидери

August 19, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Заклучоци од средбите на Трамп со Зеленски и европските лидери

August 19, 2025
Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk