Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Ова пост партискава драмолетка со обвинувања дека не тие сега туку дека некој лани поради ланскиот снег е виновен што албанскиот вагон се откачи од нас и се придвижи кон ЕУ, е само јалов и само паничен обид на власта со вода од каливиот Вардар да си ја плакне совеста што на рамката француска и на нејзиниот автор Макрон, онака гордо, му го покажа средниот прст, демек му ја изигра неговата вековна и светски авторитетната француска дипломатијата и, еве, ветено, сторено, за сто дена Мицкоски и Максим и политичките таленти од Вреди, конечно ни ја вратија откраднатата од ЕУ Македонија, победнички ни ја прибраа државата назад за сега, по брзото отрезнување дека поради нивните квази патриотски хирови нè откачија сите и, еве, бранејќи се и правдајќи се недоветно, гордоста спласнува, диши некаде балонот па, кажано во оваа една реченица, излегува дека средниот прст за Макрон, таа мала владина победа е, всушност, големиот пораз за Македонија.