Иран ги информирал „меѓународните страни“ за големината и времето на неговиот очекуван напад врз Израел, изјави претставник на американското Министерство за одбрана за Скај Њуз Арабија.
САД претходно изразија загриженост поради иранските балистички ракети, што можат да погодат цели во Израел за помалку од 15 минути.
„Аксиос“ од САД пишува на „Х“ дека се очекува Иран да го нападне Израел со балистички ракети што можат да стигнат до цели во рок од 12 минути, а не со беспилотни летала или крстосувачки ракети за кои е потребно подолго време.