ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Пронајдена досега непозната слика на Пикасо

October 2, 2024 16:42
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Слика пронајдена од италијански трговец со антиквитети, е досега непознат оригинален портрет насликан од шпанскиот уметник Пабло Пикасо, открија италијански експерти.

Откако случајно ја пронашол сликата во подрум на куќа на италијанкиот отров Капри во 1962 година, Луиџи Ло Росо го однел платното дома во Помпеја. Ја закачил на ѕид во дневната соба, а неговата сопруга ја сметала сликата за „страшна“, пишува „Гардијан“. Се верува дека тоа е уште еден портрет на Дора Мар – француска сликарка и фотографка која му била љубовница и муза на Пикасо. Во горниот лев агол на сликата се гледа карактеристичниот потпис на познатиот уметник, но Луиџи Ло Росо не го знаел тоа.

Дури многу години подоцна, неговиот син Андреја се заинтересирал за сликата откако забележал слични уметнички дела во енциклопедија за историја на уметноста и семејството побарало стручно мислење и совет…

– Татко ми беше по потекло од Капри и често собираше секакви антиквитети, коишто потоа ги продаваше речиси „за џабе“. Тој ја нашол оваа слика пред да се родам и немал поим кој е Пикасо. Не беше премногу образован. Дознав за делата на Пикасо од историска енциклопедија. Го споредив и потписот. Постојано му кажував на татко ми дека потписот е сличен, но тој не обрнуваше внимание на тоа, раскажува Андреја.

На крајот, Чинција Алтиери – графолог и член на Фондацијата „Аркадија“ којашто се занимава со проценки, реставрации и верификација на уметнички дела, потврдил дека потписот на сликата е автентичен.

Пикасо починал во 1973 година, а за време на неговиот живот насликал повеќе од 14.000 дела. Па така, Фондацијата секојдневно добива пораки од луѓе кои тврдат дека имаат оригинал. Често престојувал на Капри и се верува дека оваа слика е создадена меѓу 1930 и ’38 година и оти има неверојатна сличност со Пикасовата претходна „Женска биста“ (Buste de femme) (исто така портрет на Мар). Во меѓувреме Луиџи починал, а Андреја денес има 60 години и ја продолжува потрагата. Лука Марканте, претседател на Фондацијата „Аркадија“, верува дека може да има две верзии на делото „Женска биста“.

– И двете би можеле да бидат оригинали. Веројатно се работи за два портрета, не сосем исти, но се работи за истата тема што Пикасо ја насликал во различно време. Сепак, едно е сигурно: Сликата најдена на Капри денес се чува во трезор во Милано и е автентична, изјави Марканте за весникот „Ил џорно“ (Il Giorno).

Следно, Марканте ќе ги презентира доказите пред Фондацијата „Пикасо“.

Вредноста на ова дело на Пикасо денес се проценува на 6 милиони евра.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Пикасо

НАЈНОВО

Двајца мртви и 192 повредени во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во ЛШ

June 1, 2025

СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

June 1, 2025
Поранешен претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Пендаровски: Давкова е невидлива и не се прашува за ништо

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk