Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер досега се одлучи за само еден стартен играч за Вориорс во новата сезона. Тоа е плејмејкерот Стеф Кари.
– Има конкуренција на сите позиции. Кој ќе биде број два? Не, тоа не е единственото прашање. Кој ќе биде петка? Кој ќе е на позицијата четири? Знаеме дека Стеф е нашиот главен број еден. Но, каква е целата петокра не се знае. Мора да работиме напорно за да одлучиме за составот. На момците им преостанува да даваат максимум за да се изборат за место во почетниот тим, изјави кари.
Минатата сезона Вориорс имаше 27 различни стартни петорки.